12.7 C
Скопје
05:01 - 30 септември, 2026

Зошто се формираат масни наслаги на телото и колку се опасни за здравјето?

Телесните масти се таложат главно на подрачјето на стомакот, на градите, на бутовите и на задникот. Примарната причина за формирањето на масните наслаги е погрешната исхрана, газираните пијалаци, брзата храна, пржената и преработената храна, но и стресот поради кој и посегнувате по овие „лоши“ задоволства.

Експертите се согласуваат дека количината на скриени масти (оние што се наоѓаат под кожата и не се видливи) на подрачјето на стомакот, се тесно поврзани со одредени болести, па освен што нема да можете да ги закопчате панталоните, може да страдате и од посериозни проблеми, какви што се:
– дијабетес
– болести на масен црниот дроб
– висок холестерол
– рак на дојка
– воспаление на панкреасот

Што значи мерење на обемот на половината?
Можете да заклучите колку масти имате ако ја измерите половината. Научниците тврдат дека обемот на половината е најдобриот показател на должината на животниот век. Според една студија, жена висока 1,60 см би требало да има обем на половината од 80 см. Маж висок 1,80 м би требало да има обем на половината од околу 90 см. Поголем обем на половината значи и поголем ризик од смрт. Наводно, доволно е 15 см поголем обем на половината за животот да ви биде пократок за две години.

Јаболковиот оцет нема да помогне

Иако може да се користи за различни намени, губењето на масните наслаги не е едно од нив, и покрај тоа што многумина тврдат дека е така. Истражувањето дало надеж дека помага при слабеењето, но нема научни докази дека јаболковиот оцет има влијание врз губењето на килограмите кај луѓето.

Не обвинувајте го пивото
Многумина веруваат дека честото пиење пиво е одговорот на прашањето од каде потекнува стомакот. Но, иако овој пијалак има многу калории, тоа не значи дека ќе влијае врз таложењето на маснотиите на подрачјето на стомакот.

Вистината за рибиното масло
Долго се сметаше за добар додаток за здравјето на срцето, а се наведува и дека помага во контролата на триглицеридите. Дали помага кај маснотиите на стомакот? Не многу. Не се пронајдени докази дека рибиното масло влијае врз губењето на маснотиите.

Заменете ги соковите со зелен чај
За да се ослободите од масните наслаги, внимавајте што јадете – многу зеленчук, помали порции и помалку нездрава храна. Доволен број студии потврдуваат дека зелениот чај е добар за топење на маснотиите, но резултатите од истражувањето се далеку од сигурни факти. Едно е сигурно, засладените пијалаци се полни со калории, затоа избегнувајте ги.

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....