16:47 - 7 ноември, 2026

Зеленчук и овошје кои содржат најмногу пестициди

Непрофитната организација за заштита на животната средина, со седиште во Соединетите Американски Држави, во својот годишен Водич за купувачи, објави листа на конвенционално одгледувано овошје и зеленчук, најмногу и најмалку контаминирани со пестициди. Анализата е базирана на најновите тестови на Министерството за земјоделство (USDA) и Управата за храна и лекови (FDA).

Од 35.200 тестирани примероци, остатоци од пестициди се пронајдени на повеќе од 70 проценти од неорганското овошје и зеленчук. Иако се наменети за заштита на растенијата и нивните плодови, многу од нив имаат негативно влијание врз здравјето на луѓето.

Анализата откри супстанции поврзани со рак и репродуктивно оштетување, или се забранети во Европа. Откриени се просечно 7,8 различни пестициди, што е многу повеќе отколку кај другите земјоделски видови за кои просекот е 2,5 пестициди.

Јагодите се први на листата на овошје кое содржи најголеми количини пестициди.  По нив следува спанаќот, па кељот. Нектарините, јаболката и грозјето ја продолжуваат оваа неславна серија овошја во однос на содржината на пестициди. Пиперките и лутите пиперчиња се на средината на листата, а низата ја дополнуваат вишните, праските, крушите, целерот и доматите.

Оваа листа вклучува петнаесет видови кои се најмалку третирани со пестициди. Авокадото е на прво место, а потоа слатката пченка, ананасот, кромидот и папајата.
Според анализите, низата продолжува со замрзнат грашок, аспарагус и зимска диња. На дното на листата се кивито, зелката, печурките, дињата, мангото, лубеницата и слаткиот компир.

Оваа организација е посветена на заштитата на човековото здравје и животната средина, а од 2004 година објавува ажуриран водич и рангира 47 популарни видови свежо овошје и зеленчук.

 

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....