6.8 C
Скопје
11:31 - 26 декември, 2024

Размислете двапати пред да си го „крцнете“ вратот: Може да предизвика мозочен удар

Имате вкочанет врат? Можеби треба да размислите двапати пред да посегнете кон навидум наједноставниот начин за олеснување на болката.

Иако се случува ретко, манипулацијата со вратот, виткањето или „крцкањето“ што честопати доведува до звук на „пукање“ всушност може да предизвика мозочен удар. Во последниве години, случаите на мозочни удари предизвикани од „крцкање“ на вратот се застрашувачки.

Во 2019 година, 28-годишен маж во Оклахома, Америка завршил на ургентен центар, неподвижен, откако се обидел да ја ублажи болката во вратот на овој начин, пишува „Вашингтон пост“.

Само сакав да се истегнам…“, изјави Џош Хадер за весникот, кој со помош на раката направил поголем притисок на вратот.unsplash

Лекарите кажале дека претрпел мозочен удар, кој бил предизвикан откако артеријата на неговиот врат се скинала и формирала тромб. За среќа, Хадер го преживеал ударот, но последиците можеле да бидат фатални.

Во 2016 година, од судскиот округ во Лос Анџелес потврдија дека 34-годишната Кејти Меј починала од мозочен удар што бил предизвикан од кинење на артерија за време на третман со хиропрактика, објави „Си-Би-Ес“.

Медицинскиот термин за оваа појава е наречен дисекција на вертебрална артерија или кинење на внатрешната обвивка на `рбетната артерија, една од четирите главни артерии кои го снабдуваат мозокот со крв. Таа се наоѓа на задниот дел од вратот и при случај на кинење на `рбетната артерија, може да доведе до згрутчување на крвта. Со тоа може да се блокира артеријата и да го попречи протокот на крв во мозокот, што  доведува до мозочен удар.

Точниот број на луѓе кои претрпеле мозочен удар со манипулација на врат не е познат, експертите велат дека се случува многу ретко, но, сепак, ризикот е присутен.

unsplash

Многу невролози се сведоци на пациенти кои доаѓаат директно од хиропрактичари со симптоми на мозочен удар“, вели д-р Моли МекДермонт, невролог од Мичиген.

Со години е отворена дебата за тоа дали треба да се користи практика за олеснување на болката во вратот и дали постои ризик.

Од Националниот центар за здравство во Америка, велат дека манипулацијата со `рбетниот столб е „релативно безбедна кога ја извршува обучен и лиценциран лекар“. Исто така забележуваат дека пациентите треба да бидат свесни за сите можни ризици кои се вклучени.

unsplash

Но, доколку сакате сами да ја ублажите болката во вратот, постојат неколку опции. Лекарите препорачуваат благи истегнувања додека седите на работната маса или во автомобил, како што се мрдање на рамената нагоре и надолу, спојување на увото со рамотои слично. Овие едноставни вежби можете да ги правите и по десет пати.

Исто така, може да ставите топли или ладни облоги на вратот, да земете лекови против болки како парацетамол или ибупрофен во консултација со вашиот лекар или фармацевт.

Избегнувајте да спиете на стомак, тоа може дополнително да ја влоши болката во вашиот врат.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо
Се вчитува....