14.8 C
Скопје
12:41 - 18 октомври, 2026

Најчестите заблуди за коронавирусот: Може ли миленичињата да го шират новиот коронавирус?

Коронавирусот влезе и во Европа, расте бројот на смртни случаи и заразени од овој вирус.
Секако дека не треба да паничите туку да се информирате, а Светската здравствена организација (СЗО) ги објави и ги појасни најчестите митови за коронавирусот, од тоа дали може да го пренесуваат, односно да го шират домашните миленици до лекувањето со антибиотик.

Може ли миленичињата да го шират новиот коронавирус?

Во моментов, не е забележан случај дека домашни миленици какви што се куче и мачка можат да бидат заразени со коронавирус. Сепак, секогаш е добра идеја да ги миете рацете со сапун и вода по контактот со домашните миленици. Тоа ве штити од бактерии како што се ешерихија коли и салмонела.

Може ли коронавирусот да зарази само постари лица или и помладите се во опасност?

Сите можеме да се заразиме, без оглед на возраста. Постарите луѓе се поранлива група затоа што претходно имаат здравствени проблеми (на пример, астма, дијабетес, проблеми со срцето), бидејќи вирусот напредува побрзо кај оние со послаб имунитет. Светската здравствена организација (СЗО) ги советува луѓето на сите возрасти да се заштитат од вирусот, да ги мијат рацете и да носат маски.

Дали антибиотиците се ефикасни во спречувањето и лекувањето на новиот коронавирус?

Не, антибиотиците не дејствуваат против вируси, само против бактерии. Новиот коронавирус (2019-nCoV) е вирус и, според тоа, антибиотиците не треба да се користат како средство за превенција или лекување. Меѓутоа, ако сте хоспитализирани за 2019-nCoV, може да примате антибиотици бидејќи е можна бактериска инфекција.

Дали постојат одредени лекови за спречување или лекување на новиот коронавирус?

До денес, не се препорачува ниту еден посебен лек што би го спречил или би го лекувал новиот коронавирус (2019-nCoV).
Меѓутоа, луѓето заразени со вирус треба да добијат соодветна грижа за олеснување и лекување на симптомите, а оние со тешка болест треба да добијат оптимизирана нега како поддршка. Некои специфични процедури се испитуваат и ќе бидат тестирани преку клинички испитувања. СЗО помага во забрзување на напорите за истражување и развој со низа партнери.

Слични објави

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Поврзани онлајн, осамени офлајн – менталното здравје во дигиталната ера

Еспресо

Зошто ви опаѓа косата? Овие се најчестите причини за кои можеби не сте знаеле

К.С.

Дали трчањето на загаден воздух е опасно за здравјето? Научниците откриваат како да се заштитите

К.С.

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.

Калинката е вистинска ризница на здравје: 10 причини зошто треба почесто да ја јадете

К.С.
Се вчитува....