17:11 - 3 април, 2026

Манекенката со Даунов синдром ја водеше ревијата на Модната недела во Њујорк! (ФОТО)

Манекенката од Порторико Софиа Јирау (22) неодамна прошета на Модната недела во Њујорк. Софиа е родена со Даунов синдром, а ова ѝ беше прва ревија во животот.

„Баш добро се чувствував. Сите ми дадоа аплауз“, рече Софија за странските медиуми.

Како што изјави таа, сонот ѝ се исполнил.

„Родена сум за ова и сакам да му покажам на светот како секој модел треба да блеска“, напиша таа на друштвените мрежи. Софиа е првиот модел со Даунов синдром кој ја водеше ревијата на Модната недела во Њујорк.

Манекенката има и сопствен бренд кој се вика „Alavett“. Таа продава различни модни додатоци, од торби до налепници. Нејзината желба е еден ден да стане инспирација на сите кои го имаат истиот синдром.

View this post on Instagram

linda semana a todos ??

A post shared by Sofía Jirau • (@sofiajirau) on

„Јас сум професионален модел кој е спремен да го инспирира светот“, напиша таа во описот на фотографијата на Инстаграм.

После ревијата, бројот на пријатели на друштвените мрежи и пораснал. Сега ја следат 83 илјади луѓе. Реакциите на нејзината прва прошетка на пистата се одлични.

„За тебе не постојат граници“, бил само еден од коментарите.

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо
Се вчитува....