12.8 C
Скопје
23:49 - 28 април, 2024

Заев и Касами испишуваат историја

Денешниот ден, 27 февруари 2020 година ќе биде запаметен како уште еден историски ден за нашата држава. Уште еден чекор напред кон нормалноста, разбиено е уште едно табу, предрасудите надминати, стереотипите прегазени. За првпат во историјата, партии од македонскиот и албанскиот политички блок склучуваат договор за предизборна коалиција. Конечно се става крај на етничкиот концепт на функционирање на политичките партии во оваа земја, по 29 години. Партиите препознаа дека правата на граѓаните не треба да се базираат на бројки, сите граѓани на оваа земја се еднакви и треба да ги уживаат истите права и да ги имаат истите обврски, без разлика на кој етникум припаѓаат.

Честитки за СДСМ и движењето БЕСА, честитки за нивните лидери, раководни структури, членови. Покажаа храброст, визија, покажаа детерминираност дека државата мора да се движи кон една единствена насока, а тоа е градење едно општество за сите. Ниеден народ не може да се спаси сам одвојувајќи се од другите, или се спасуваме заедно, или заедно пропаѓаме (Рабиндранат Тагоре). После овој момент, за нас нема надолу, нема пропаѓање, одиме напред и само напред, сите заедно како едно. Во НАТО се интегриравме, Европската Унија ни е пред порти, вака сплотени ништо не може да биде препрека.

Извинете што сум преемотивен и еуфоричен, но искрено така се чувствувам, а како и не би. Пораснав во поделби, во војни, во конфликти, во општество полно со омраза, систем полн со дискриминација. Свесен сум дека повеќето аналитичари, посебно оние опозиционо настроените настанот ќе го искоментираат само како изборна математика и нема да му го дадат потребното значење. Но за мене е повеќе од тоа, за мене е пресвртен момент во историјата на оваа земја. Мачнина ми е веќе од изборни кампањи каде македонските политички партии ги плашат своите гласачи со Албанците, како тие ќе им земат се. Мачнина ми е и преку глава ми е секоја кампања на албанските политички партии да почнува со обвинување кон Македонците за дискриминација и за сето лошо што ним им се случува. Доста е веќе со националистичките пароли пред секои избори, доста е веќе со манипулирање со чувствата на граѓаните, време е да се стави крај на реториката од 1991 година па наваму. Сакам да видам политичка кампања која ќе се обрати на граѓаните како на луѓе, не како на бројка, не како на Албанец, Македонец, Турчин, Србин, Бошњак, Ром, Влав, туку како на човек. Затоа што сите сме граѓани на оваа земја, сите го сакаме истото, сите сакаме подобра иднина за нас, нашите деца и државата воопшто.

Денешниов ден за мене претставува конечен удар на национал шовинизмот. Едно ми е криво само, што дури и јас морав да ги наречам лидерите на овие партии храбри за нивната визија и одлука. Ова не е ништо посебно во суштина, ова треба да е нормално. Но не кај нас за жал, барем не до овој момент. Во денешно време во нашата средина треба да си храбар за да бидеш нормален.

Никогаш повеќе поделена, секогаш сплотена!

 

 

The post Заев и Касами испишуваат историја appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....