12.8 C
Скопје
12:27 - 1 април, 2025

Маја Талевска Печников, инструктор по пилатес: Што да јадеме пред и после тренинг?

ПРЕД ТРЕНИНГ

Умереноста и балансот во исхраната е она што ни дава енергија и чувство на ситост за време на тренингот. Правилната исхрана може да го направи тренингот подобар, без разлика дали се работи за почетник или активен вежбач. Со правилна исхрана може да придонесеме да имаме поквалитетен и поиздржан тренинг, а за тоа ни се потребни квалитетни јаглени хидрати, посни протеини, овошје, зеленчук, како и здрави масти за кардиоваскуларниот систем и се разбира, сè тоа да биде проследено со многу течности. Морам да нагласам дека треба да се внимава на толеранцијата на одреден вид на храна, како и на умереноста на внес на здрави јаглени хидрати и протеини. Оброкот пред тренинг не е пожелно да вклучува и храна која за прв пат ја пробувате. Последниот оброк да биде најмалку два и пол до три часа пред тренингот.

ПОСЛЕ ТРЕНИНГ

Треба да се избегнува пржена храна, како помфрит, масни хамбургери, чипс, газирани пијалаци, храна полна со вештачки засладувачи. Како предлози за вкусен и здрав оброк се препорачува да се напиете чаша јогурт со ниска масленост, кој ќе ве освежи и ќе ви даде чуство на ситост, посна бистра супа со која ќе го надоместиме губитокот на течности во организмот или свежа салата од зеленчук зачинета со маслиново масло, ленено семе и лимон, или мало парче риба подготвено на скара богато со омега три масни киселини, или една банана, една шака јаткасти плодови, кои ќе ни дадат енергија. Потребни ни се протеини како за мускулите, така и за крвните клетки кои носат хранливи материи и кислород до мускулите.

Не го пропуштајте најглавниот оброк во текот на денот, а тоа е појадокот, бидејќи на тој начин го искористувате потенцијалот на организмот да согорува масти. Затоа, појадувајте најдоцна еден час откако ќе станете наутро, или денот започнете го со топла лимонада, која ќе ви помогне да го забрзате метаболизмот, како и да се ослободите од вишокот течности во организмот. Со здрав и вкусен појадок ќе го избегнете прејадувањето во текот на подоцнежните часови.

Пишува: Маја Талевска Печников, инструктор по пилатес, лиценциран „антигравити“ инструктор, сопственик на „Body Concept“.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Синдром на скршено срце

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Заштитете го вашето срце, направете коронарен стрес-тест

Еспресо

Интервју со д-р Катерина Игневска, специјалист по микробиологија во Клиника „Жан Митрев“: Преку едукација и вежби до нулта толеранција за болнички инфекции

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Мамографија – кога и зошто е важна?

Еспресо

Новости од Клиниката „Жан Митрев“: За 25-годишнината на Клиниката „Жан Митрев“ – 25 илјади нови садници

Еспресо

Врвна радиологија во болницата „Санте плус 3“: Точната дијагноза започнува со напредна радиологија

Еспресо
Се вчитува....