20.8 C
Скопје
10:58 - 15 септември, 2026

Веќе не изгледа вака: Пинк драстично го смени имиџот! (ФОТО)

Славната пејачка ги изненади своите фанови со промената, кога пред неколку дена го сподели својот нов изглед на Инстаграм.

На фотографијата, која ја лајкуваа скоро 900.000 корисници, се гледа како Пинк во своите раце држи прамени од нејзината коса.

„Се збогувам“ – напиша пејачката под фотографијата.

View this post on Instagram

Letting Go

A post shared by P!NK (@pink) on

Пинк се реши за драстичната промена на имиџот три месеци откако нејзината осумгодишна ќерка, имитирајќи ја, ја избричи едната страна од својата глава.

Во септември, сопругот на Пинк сподели фотографија на Инстаграм од нивната ќерка Вилоу, додека ја бричат нејзината коса.

„Ја обожавам мојата панк рок ќерка. Запомнете сите, вејте го сопственото знаме. Не постои кутија во која можат да ве стават. Најдобро е да бидете свои. Прифатете го тоа и сакајте го. Ако некому тоа му претставува проблем, кажете му (учтиво) да не ве оптоварува со тоа.“

Пинк го привлече вниманието на медиумите во 2017 година со својот говор за имиџот на телото (body image). Таа тогаш сподели приказна за својата ќерка Вилоу.

„Јас сум најгрдото девојче кое го познавам“ и „изгледам како момче со долга коса“, ѝ рекла Вилоу.

„Ти си прекрасна. Кога луѓето се потсмеваат со мене велат дека изгледам како момче или дека сум премногу мажествена или дека сум премногу директна. Дали ме гледаш мене да ја пуштам својата коса? Дали ме гледаш мене да го менувам своето тело? Дали ме гледаш мене како распродавам арени низ целиот свет?“, ѝ одговорила на тоа Пинк.

„Девојченце, ние не се менуваме” – продолжила Пинк, споменувајќи ги имињата на уметници како Дејвид Боуви, Фреди Меркјури, Џенис Џоплин, Џорџ Мајкл и Елтон Џон. „Ние им помагаме на луѓето да се менуваат, за да можат и тие да видат различни видови на убавина.”

На почетокот на годинава, Пинк ја обои косата на Вилоу сина, откако слушнала за негативните коментари кои Џесика Симпсон ги доби околу одлуката да ѝ дозволи на својата седумгодишна ќерка да ги обои краевите на својата коса пурпурни.

Таа сподели слика на Инстаграм од резултатот на боењето два дена по Симпсон, пишувајќи:

„Слушнав дека некои луѓе биле разочарани што Џесика Симпсон ѝ дозволила на својата седумгодишна ќерка да ја обои косата. Затоа решивме да ви покажеме што направивме ние вчера“.

View this post on Instagram

That is how you do a red carpet

A post shared by P!NK (@pink) on

 

 

Слични објави

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Т.Ц.

Катарина Живковиќ откри дека посакува уште едно дете: „Подготвена сум за второ“

apostolova

Каролина Гочева го донесе холивудскиот гламур во Скопје: Блесна во бела креација покрај Хосе Карерас

Еспресо

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

Новинарот Сунаи Сабриоски: Прилеп нема центар, туку срце што отчукува

Еспресо

Јована Јеремиќ се огласи откако сопственик на дуќан ѝ „подари половина продавница“

E.A.
Се вчитува....