8.8 C
Скопје
22:47 - 18 октомври, 2026

Италијански доктор откри што им се случува на оздравените од ковид-19: Тешко се враќаат во нормала и постои процедура за опоравување

Поради големата траума што ја поминаа борејќи се со коронавирусот, италијанските лекари се позанимавале со последиците кои ковид-19 ги остава на излекуваните пациенти.
Доктор Пиеро Клаварио, кардиолог и специјалист по физикална медицина од ASL3 болницата во Џенова, смета дека на здравствениот систем на Италија набрзо ќе им бидат потребни посткорона штабови.

– Вообичаено се грижиме за кардиолошките пациенти по акутната фаза, поради акутните коронарни синдроми или по кардиолошките операции. Набрзо по почетокот на епидемијата на ковид-19 сфативме дека порано или подоцна ќе мораме да се грижиме и за оние кои го преживејаа ковид-19. Во тоа време нашиот диспанзер беше затворен и одлучивме да го пренамениме кардиолошкиот рехабилитациски центар во центар за проценка и евалуација на оздравените од ковид-19 – објаснува Клаварио.

Такви центри или некаков облик на организирана медицинска практика очигледно ќе бидат потребни и во другите земји, а веќе се зборува за посткорона синдромот.
Докторот Клаварио и неговите соработници сведочат како се манифестира синдромот. Тие поради искуството со епидемијата во Италија очекувале дека им следува борба со последиците за белите дробови кај излечените од оваа коронавирусот.

– Повеќето италијански лекари се плашеа од хроничните белодробни последици и досега ги видовме во одреден број, но не толку колку што очекувавме. Главното прашање е дали луѓето по ковид-19 се чувствуваат нормално или нивните капацитети се редуцирани и зошто. Одговорот е дека повеќето имаат симптоми, и психолошки, а околу 15 отсто од нив имаат посттравматско стресно нарушување. Повеќето од излекуваните имаат намалени функционални капацитети, намалени капацитети за физичка активност и тоа е главно причина за губење на сила во мускулите – објаснува Клаварио.
Докторот додава дека оздравените едноставно не се чувствуваат добро, а според досегашното искуство тоа го припишува на губењето на силата и проблемите со мускулите.

Вели дека добрата вест е што за време на рехабилитацијата луѓето можат брзо да се опорават и дека луѓето треба да се предупредат дека по инфекција со коронавирусот може да се чувствуваат полошо, но дека тоа нема да трае засекогаш.

Слични објави

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Поврзани онлајн, осамени офлајн – менталното здравје во дигиталната ера

Еспресо

Зошто ви опаѓа косата? Овие се најчестите причини за кои можеби не сте знаеле

К.С.

Дали трчањето на загаден воздух е опасно за здравјето? Научниците откриваат како да се заштитите

К.С.

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.

Калинката е вистинска ризница на здравје: 10 причини зошто треба почесто да ја јадете

К.С.
Се вчитува....