Рене Зелвегер го направи своето големо враќање на Оскарите вчера вечер. Добитничката на Оскар за споредна женска улога во „Cold Mountain“ и овогодинешната добитничка на Оскар за главна женска улога во филмот „Judy“, се нема појавено на оваа церемонија од 2013 година, кога го носеше златниот фустан од „Carolina Herrera“. После 7 години таа заблеска на црвениот тепих во блескава бела креација.
Во продолжение погледнете ги сите стајлинзи на глумицата со кои се прошета на црвениот тепих на оваа престижна церемонија:
1999
За нејзините први Оскари, таа избра виолетов свилен фустан од L’Wren Scott со детали од чипка и реси.
2001
Актерката во 2001 година се појави во долг винтиџ фустан уште пред тој стил да стане тренд. Зелвегер беше во светло жолт модел на фустан од 1959-та, а дизајнот беше на францускиот дизајнер Жан Десес. Неговите фустани беа „инспирирани од драпериите на раните грчки и египетски облеки“, според книгата Virtual Vintage.

2003
Зелвегер беше повторно номинирана за Оскар за филмот „Chicago“ и остана доследна на темата на крими-мјузиклот носејќи фустан од „Carolina Herrera“ на црвениот тепих. Таа покажа нова русокоса боб-фризура и цревен впечатлив кармин, кои одговараа на нејзиниот украсен фустан со тенки прерамки кои привлекуваа внимание.

2004
Оскаровката во 2004 година имаше „Мерлин Монро“ момент. Зелвегер блескаше во елегантен бел фустан кој одлично прилегаше на нејзината фигура. Актерката носеше бели салонки и минимален накит, кои одлично се вклопија во целата комбинација.

2005
Во 2005 година на црвениот тепих Зелвегер доминираше во црвен фустан од сатен, без прерамки и со бел тул на крајот од долгиот фустан, но и на работ од деколтето. Сето тоа го надополни со дијамантскиот ѓердан.

2008
Актерката повторно блескаше во фустан од „Carolina Herrera“, но овој пат во светкав сив фустан без прерамки. Нејзините аксесоари како и секогаш беа минималистички, алка и брош „Cartier“ .

2013
Таа дефинитивно докажа дека нејзина омилена дизајнерка е Каролина Херера. Златниот фустан на грбот имаше прекрасен детаљ: две црвено-кадифени машни. Црвената боја на машните прекрасно ги надополни алките Van Cleef & Arpels, вклучувајќи и винтиџ алка Twin Ruby од 1960-та, декорирана со 464 рубини.

2020
Овогодинешната добитничка на Оскар, повторно блесна на црвениот тепих во специјалната креација на „Armani Privé“, а еден од најчестите коментари за белиот светликав фустан беше „соодветен за добитничка на Оскар“.
