14.8 C
Скопје
01:43 - 22 октомври, 2026

Една печурка има повеќе витамини и минерали отколку цела чинија зеленчук: Еве што се може да лекува оваа моќна намирница!

Хранливата вредност на печурките е голема, а тие исклучително се богати со протеини...

Овие шумски плодови ги содржат сите есенцијални аминокиселини, а богати се и со витамини, пред се со витамините А, Б, Ц, К, бета-каротен и ергостерол. Богати се и со билни масти, белковини, минерали како фосфорот, натриумот и калиумот, магнезиумот, во помали количини и железо и калциум.

Содржат дури 95 проценти вода, па се одлични доколку држите диета. Покрај тоа, во 100 грама печурки има само меѓу 18 и 23 калории.

Еве зошто е подобро што почесто да ги јадете:

Фото: Пиксабеј

Тие се одличен извор на витаминот Д

Ова е една од ретките намирници која содржи витамин Д. Добро е познато колку овој витамин е добар за зајакнување на имунолошкиот систем, а особено во зимскиот период. Во последно време доста се зборува за позитивното влијание на целокупното здравје, а со оглед дека на сите ни недостасува овој витамин во текот на деновите кога нема сонце, добро е да ги вклучите печурките во вашето мени.

Фото: Пиксабеј

Содржат селен во големи количини

Печурките се одличен извор на селен, кој е есенцијален минерал кој делува како антиоксиданс, ги штити клетките од оксидативен стрес, оштетувања настанати од делувањето на слободните радикали и го спречува развојот на многу болести. Покрај тоа тој игра голема улога во заштитата на имунолошкиот систем.

Фото: Пиксабеј

Штитат од рак

Се смета дека печурките особено штитат од рак на дојка затоа што го запираат ензимот кој е наречен ароматаза, кој го произведува естрогенот, а еден од честите причинители на карциномот на дојка е токму зголеменото ниво на естроген.

Фото: Пиксабеј

Тие се замена за месото

Поради својата текстура која потсетува на месо, едноставно не можат да се вклопат во оброците кога сакаме да го намалиме внесот на месо. Така воедно ќе го намалите и внесот на калории и масти во организмот.

Го зајакнуваат имунитетот

Благодарение на спектарот витамини, тие го зајакнуваат организмот во краток рок.

Слични објави

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Поврзани онлајн, осамени офлајн – менталното здравје во дигиталната ера

Еспресо

Зошто ви опаѓа косата? Овие се најчестите причини за кои можеби не сте знаеле

К.С.
Се вчитува....