6.8 C
Скопје
02:33 - 31 март, 2026

Зачин кој ќе ви помогне да ги стопите масните наслаги!

Зачинот кој секојдневно се наоѓа во нашата исхрана, од останатите ароматични засилувачи на вкусот се разликува по тоа што навистина ги топи мастите. Користете бибер секојдневно во исхраната и тргнете на сигурен пат во борба против масните наслаги.

Овој скромен додаток во јадењето, заедно со солта е најраспространетиот зачин, биберот веќе по навика го додаваме во храната со цел да и го подобриме вкусот, а неговата арома во устата својата вистинска улога ја добива во дигестивниот систем.

Биберот има улога во подобрување на работата на органите за варење, стимулирајќи лачење на ензими и желудечни сокови, со што се забрзува минувањето на храната низ органите.

Со антиоксидативните и антивоспалителните својства, една од најделотворните карактеристики на биберот е тоа што холестеролот го држи под контрола и ги уништува маснотиите. Биберот го зголемува производството на хлороводородната киселина во желудникот. Оваа киселина е заслужна за разградување на мастите, па делува против надуеност, гасови и останати стомачни проблеми.

Биберот најдобро ја задржува својата арома ако се чува во зрно, и кога во таа форма се користи или пак се меле непосредно пред готвењето. Најароматичен вид на бибер е зелениот, кој благодарение на етеричните масла кои длабински ги топат маснотиите, се повеќе се користи во средствата против целулит.

 

Совет:

  1. За максимално да ги искористите благодетите од биберот, купете цели зрна и машинка за мелење, па јадењата зачинете ги со свежо мелен бибер пред да ги консумирате.
  2. Освен во јадењата, бибер можете да додадете и во здравите напитоци од овошје и зеленчук, доволно е само да додадете неколку мелени зрнца кои ќе направат многу за вашиот метаболизам и за разградувањето на маснотиите.

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Многумина го игнорираат овој ран симптом на деменција: Предупредувачки знак може да се појави и при качување по скали.

Еспресо
Се вчитува....