14.8 C
Скопје
14:44 - 29 март, 2025

ТЕКОТ И СЕРИОЗНОСТА НА КОРОНАВИРУСОТ ВО НАШЕТО ТЕЛО: Дали гените се виновни или нешто друго?

Unsplash

Текот и сериозноста на ковид – 19 се во голема мера под влијание на интеракцијата помеѓу SARS-CoV-2 коронавирусот и нашиот имунолошки систем. Обично, антивирусниот имунолошки одговор на „природните клетки убијци“ (НК клетки) е важен чекор во борбата против репликацијата на вирусот во раните фази на инфекцијата.

Како што објавија во списанието „Nature“, овие „клетки убијци“ имаат посебни, активирачки рецептори на нивната површина, вклучително и рецепторот NKG2C, кој „комуницира“ со заразената клетка преку една од нејзините специјализирани површински структури, HLA-E и оваа интеракција резултира при уништување на клетките заразени со вирусот. Сепак, поради генетска варијација, приближно 4% од популацијата природно нема рецептор за активирање на NKG2C, а кај 30% од популацијата овој рецептор е само делумно достапен.

– Отсуството на рецептори беше особено раширено кај пациенти со ковид -19 лица кои се лекуваат на единици за интензивна нега, без оглед на возраста и полот, изјави д-р Елизабет Пучамер – Стакл, водечки автор на студијата – Генетските варијации на HLA-E во која заразените клетки се исто така поврзани со сериозноста на болеста, иако во помала мера.

Сепак, ова не е единственото нешто што може да ја зголеми или намали веројатноста за добивање на потешка форма на ковид – 19.

Добар предуслов за тоа дали некој ќе развие  сериозена клиничка слика на ковид – 19 исто така може да лежи во гените. Според една студија објавена во белешката PNAS, наследените неандерталски гени кои влијаат на нашиот 12-ти хромозом можат да го намалат ризикот од развој на тежок облик на ковид за 22 проценти.

Овие неандретакни гени, наводно, се ефикасни во активирање на ензими кои се борат против вирусот, според авторите на студијата.

– Ензимите кодирани со неандреталската варијантата се чини дека се поефикасни, намалувајќи ја можноста за сериозни последици од САРС-КоВ-2 инфекциите“, вели д-р Сванте Пабо, генетичар и коавтор на студијата ПНАС.

Омега-3 масни киселини

Антивоспалителните својства на омега – 3 масните киселини можат да помогнат во борбата против потешка форма на ковид – 19.

Според пилот – студија од јануари 2021 година, спроведена на Институтот за истражување на масни киселини, луѓето со највисоко ниво на омега-3 масни киселини во крвта имале 75 проценти помали шанси да починат од коронавирусот отколку луѓето со пониско ниво на омега – 3.

Болести на непцата

Една студија од февруари 2021 година, објавена во „Journal of Clinical Periodontologi“, открива дека луѓето со заболување на непцата не само што имаат поголеми шанси да развијат сериозни симптоми на ковид – 19, туку и дека нема да ја добијат битката.

Деменција

Студија од февруари 2021 година објавена во списанието „Alzheimer’s & Dementia“ открива дека деменцијата може значително да го зголеми ризикот од инфекција на една личност. Анализирајќи ги податоците од здравствената евиденција на 61,9 милиони возрасни американци, истражувачите на студијата откриле дека деменцијата го зголемила ризикот тројно. Возрасните лица со деменција исто така имале 2,6 пати поголема веројатност да имаат серизоен случај кој бара хоспитализација и имале 4,4 проценти поголема веројатност да починат од коронавирусот отколку општата популација.

Слични објави

Се превртувам кога ќе го видам тоа на маж! Јована Јеремиќ им одржа лекција на гостите во студиото!

Еспресо

(Фото+видео) Маја Николиќ шокира со новиот изглед: Пејачката целосно се трансформираше, има нова боја на косата

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Лавовите ќе имаат проблем со пари, Девиците ќе потонат во монотонија со партнерот

Еспресо

На Вики Миљковиќ ѝ почина братот, Цеца не се одвојува од пријателката на која ѝ е и кума

Еспресо

(Фото) Војаж раскина со девојката и објави шокантна фотографија: Раперот конечно се изјасни за згодната бринета!

Еспресо

(Фото) По 18 години се вратија во „Гранд“, само Милан Станковиќ не дојде: Вака ќе му оддадат почит на Саша Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо
Се вчитува....