3.8 C
Скопје
23:50 - 26 октомври, 2026

Од љубов до нетрпеливост: Ана Ивановиќ не сака да го види Бастијан на суд, еве како ќе го решат имотот

По неколку месеци медиумски шпекулации за кризата, адвокатот на Ана Ивановиќ ја потврди разделбата од Бастијан Швајнштајгер. Германските медиуми објавуваат дека двајцата не сакаат да се сретнат на суд.

Поранешната двојка од соништата, српската тениска ѕвезда Ана Ивановиќ и германската фудбалска легенда Бастијан Швајнштајгер се на работ да го завршат својот деветгодишен брак.

Како што објавија германските медиуми, идните поранешни партнери Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер побараа преку своите адвокати процесот на развод да се забрза што е можно побрзо за да продолжат со своите животи и секој да тргне по својот пат.

– Ана и Бастијан им порачаа на своите адвокати дека не сакаат да се видат на рочиштето на кое и официјално ќе се разведат. Исто така, двајцата ги замолија адвокатите да се потрудат сè да заврши во најкраток можен рок. Бастијан не правеше проблеми во врска со поделбата на имотот, а во Палма де Мајорка, каде што Ана живее со своите синови, таа поднесе барање за издржување на дете. Овој период беше многу тежок за Ивановиќ и таа сака да остави сè зад себе и да продолжи понатаму. Во последно време, таа често патува низ светот и поминува многу време во Белград, каде што излегува со пријатели кои ѝ беа голема поддршка во изминатите тешки месеци. За разлика од неа, Бастијан, наводно, не се вознемирувал премногу поради разводот, ужива со својата нова партнерка и по секоја цена избегнува да се сретне со Ана – заклучил изворот за германски „Билд“.

 

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....