10:59 - 16 ноември, 2026

Се снима филм за животот на Лепа Лукиќ: Пејачката го ангажирала македонскиот шоумен за сценариото

Легендата на народната музика, 85-годишната Лепа Лукиќ, по повеќе од половина век кариера реши да ја сподели својата животна приказна со јавноста – на филмско платно. Пејачката, која зад себе има генерации хитови и огромно влијание на регионалната сцена, донела одлука да започне со подготовка на биографски филм за својот живот.

Како што открива извор близок до Лукиќ, таа веќе го ангажирала својот долгогодишен пријател и добро познато лице на естрадата, македонскиот шоумен Боки 13, кој ќе работи на сценариото. Двајцата заеднички ја донеле оваа одлука по подолги разговори и размислување.

„Во филмот ќе открие детали за кои никогаш порано не зборувала јавно. Ќе раскаже за љубовите, за луѓето кои ѝ подметнувале, за ударите во кариерата и во животот. Публиката ќе остане без зборови кога ќе чуе низ што сè поминала,“ изјавува изворот.

Сè уште не е познато која актерка ќе ја толкува улогата на Лепа Лукиќ, но според информациите, во игра е позната српска актерка која по дух, харизма и возраст силно потсетува на музичката легенда.

Интересно е што Лукиќ неодамна јавно изјави дека не дозволува нејзино име или лик да се користат по нејзината смрт, ниту да се снима филм без нејзин потпис.

„Ако починам, никој не смее да снима за мене. Сакам да ги заштитам моите права. Ако сакаат филм – нека снимат додека сум жива, а не после,“ рече таа претходно.

Слични објави

Запален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Пожарот зафатил и друго возило, полицијата пред нивниот дом

Еспресо

(Фото) Вистинска дама — Ирена Спировска блесна во маслинесто-златна тоалета со кристали на „Фолк фест Роса“

К.С.

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо
Се вчитува....