11:09 - 16 ноември, 2026

Едита си ја отвори душата за новиот дечко: „Не сакам свадба, ама сакам брак“

Пејачката Едита Арадиновиќ конечно е заљубена и, како што вели, одамна не била посреќна. Во изјава за регионалните медиуми, таа откри детали за врската со новиот партнер и проговори за тоа како гледа на бракот.

„Љубовта е причина што сјаам,“ призна Едита, додавајќи дека, иако ја пронашла личноста со која сака да го помине животот, самата свадба ѝ делува премногу стресно.

„Еден ден зборувам едно, другиот ден друго. Не затоа што сум разочарана, туку затоа што мислам дека љубов може да постои и без венчавка. Може да се сака и без брак,“ изјави пејачката.

Таа објасни дека големото семејство и обврските околу организирање свадба ја прават нервозна:

„Би ми било стресно да направам венчавка. Имам голема фамилија, па би се грижела дали нешто ќе заборавам. Верувам дека хартијата има симболика, дека имаш обврски кон некого, но на крајот сè зависи од личноста со која живееш.“

Едита откри и дека била подготвена јавноста да дознае кој е нејзиниот нов дечко, но не планира да го носи на секој настан.

„БЕВ СВЕСНА дека јавноста ќе дознае кој ми е партнер. Се појавивме нормално, без криење, но не планирам да го носам насекаде. Нашата среќа си ја чуваме во нашата оаза,“ рече таа.

Пејачката додава дека конечно се пласира вистинита приказна за нивниот однос, па сака љубовта да ја живее далеку од непотребни очи.

Слични објави

„Викенд на мртовци“ бил поголем кинохит во Скопје од „Кум“ и од филмовите со Лепа Брена: Игор Џамбазов сподели анегдоти од снимањето на култната македонска комедија

Еспресо

Запален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Пожарот зафатил и друго возило, полицијата пред нивниот дом

Еспресо

(Фото) Вистинска дама — Ирена Спировска блесна во маслинесто-златна тоалета со кристали на „Фолк фест Роса“

К.С.

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо
Се вчитува....