13.8 C
Скопје
21:02 - 16 мај, 2026

(Фото) Јована Јеремиќ има ново момче! Тигар е син на најсилниот југословенски Гинис, вози мерцедес и ги посетил сите српски манастири

Српската водителка Јована Јеремиќ е во врска со боксерот Милош Стојановиќ Тигар, кој е инаку,  најдобар српски спортист во полутешка категорија, пишува српски „Блиц“.

Откако раскина со бизнисменот Драган Станковиќ, Јована Јеремиќ пронајде нова љубов.

Тигар, како што пишуваат српските медиуми, е наследник на познатиот југословенски боксер Миодраг Стојановиќ Гидра, кој останал запаметен и како официјално најсилниот Југословен кој влегол во Гинисовата книга на рекорди.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milos Stojanovic (@ginis_tigar)


На својот инстаграм профил, Тигар претежно споделува фотографии, како и од манастири, така и од салата за тренинг.

На својата инстаграм-приказна, сега се пофалил дека вози мерцедес.

Јована открила дека е среќна.

– За мојот приватен живот не зборувам повеќе јавно. Кога ќе правам свадба и кога ќе бидам бремена, сите ќе бидете поканети. Дотогаш нема да коментирам ништо. Среќна сум. Тоа е доволно – рекла Јеремиќ за „Блиц“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milos Stojanovic (@ginis_tigar)


Тогаш навела и дека била оставена во најтешкиот период од нејзиниот живот, што веројатно алудирала на Драган Станковиќ.

– Мојот татко почина во четврток, јас реков дека не сакам никој да го знае тоа и да не дојдат новинари. Исто така, не сакав на погребот на мојот татко да дојдат луѓе кои не беа тука за мене кога ми беше најтешко. Кои ме повредија и го напуштија мојот живот кога тоа ми беше најпотребно. Тие заборавија како јас се однесував кога ним им беше најтешко. Не сакав да дозволам такви лица да го погребаат мојот татко заедно со мене. Тоа беше моја морална обврска кон самата себе. Не сакав сожалување. Јас ја водев програмата, а мојот починат татко лежи во ковчег. Сега замисли колку силен мора да биде еден маж за да влезе во мојот живот. Тој се грижеше за мене и моето дете и тоа нема да го простам. Во последните два месеци, тој не ме виде насмеана – рекла Јеремиќ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milos Stojanovic (@ginis_tigar)

Слични објави

Каде би се одржала Евровизија ако победи Австралија?

Т.Ц.

„Оваа песна е за да го разбудиш внатрешниот оган и да не се плашиш од него“ – моќна порака на финските претставници на Евровизија 2026

Т.Ц.

По критиките од публиката, „Лавина“ направи промени во настапот пред вечерашното финале на Евровизија

Е.А.

„Бангаранга е покана, а не закана“: Евровизиската претставничка на Бугарија ќе внесе позитивен хаос на Евровизија

Т.Ц.

Идеални работни места за секој хороскопски знак

Т.Ц.

„Губењето на косата ми беше тешко затоа што сè уште бев тинејџерка“ – Евровизиската претставничка на Австралија се изборила со тешка болест

Т.Ц.
Се вчитува....