12.8 C
Скопје
11:02 - 25 април, 2024

Срцеви заболувања, висок крвен притисок… Кога е време за (прва) посета на кардиолог

На прегледот кардиологот ќе бара какви било сигнали на болести на срцето и ќе го разгледа вашиот ризик од развој на срцеви заболувања во иднина. Ова се некои од ризичните фактори:

– Висок крвен притисок
– Зголемен холестерол
– Зголемено ниво на шеќер
– Дебелина
– Пушење и алкохол

На одредени прегледи на срцето треба да одите веќе откако ќе наполните 20 години, се препораките на Американското здружение за срце (АХА). Лекарот ќе ви помогне со упатства кои тестови да ги направите и колку често.

Секако, веднаш контактирајте го вашиот лекар ако имате какви било симптоми на болести на срцето, какви што се:

– Болка во градите
– Аритмии
– Забавено работење на срцето
– Вртоглавица
– Недостаток на здив
– Замор
– Отекување на стапалата или на абдоменот

Кои прегледи да ги направам?

Рутинските прегледи се важен дел за грижата за здравјето, а понекогаш со нив треба да се почне уште на 20-годишна возраст, во одредени ситуации дури и порано. Ако резултатите упатуваат на проблеми или ризик од развој на болест, лекарот ќе ве упати понатаму. Семејната историја на болести може да одреди кога е време за прегледи:

– Проверка на крвниот притисок и на холестеролот, за некои веќе по навршена 20-та година од животот.
– Тект на гликоза во крвта, по 40-тата или 50-тата година од животот.
– Индекс на мастите во телото.

Ако имате историја на срцеви болести во семејството, лекарот веројатно ќе ве испрати на овие прегледи многу порано отколку што очекувавте. Ако, пак, лекарот дијагностицира болест, тој ќе ве советува да го промените начинот на животот, да земате лекови и да се подложите на третмани што можат да ви помогнат.

Рутинските прегледи кај лекарот не вклучуваат комплетно тестирање, а за да се следи здравјето на срцето, лекарот треба:
– Да ја процени вашата тежина и индексот на телесна маса.
– Да го провери крвниот притисок.
– Да ве прати на преглед на крвта.
– Да ве праша за навиките во исхраната, физичката активност и дали пушите цигари.
– Да побара информации за историјата на болести во вашето семејство.
– Да праша какви промени сте забележале самите вие.

Колку често треба да се проверува кардиоваскуларното здравје?

Стручњаците ги даваат следните препораки:
– Тежина: при редовни прегледи.
– Анализи на крвта: На секои две години, почнувајќи кога лицето ќе наполни 20 години.
– Холестерол: На секои 4 до 6 години.
– Шеќер во крвта: Најмалку на секои 3 години, а да се почне по 30-тата година од животот.

Лекарот ќе побара тестови ако сте во ризична група и имате:

– Висок крвен притисок, холестерол или шеќер.
– Болести на срцето.
– Историја на болести во семејството.
– Дијабетес.
– Ако сте пушач.
– Ако сте имале компликации во бременоста, како што е висок крвен притисок.
Секако прашајте го лекарот на следниот преглед кога, со оглед на здравјето и историјата на болести во семејството, треба да ги направите сите горенаведени тестови.

Слични објави

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо
Се вчитува....