07:52 - 4 ноември, 2026

ЖИВОТОТ Е НЕПРЕДВИДЛИВ: Пожарникар си го посвоил девојчето во чие раѓање учествувал

Марк Хаден е пожарникар кој посвоил девојче, на чие раѓање учествувал и самиот тој, пренесува „BrightSide“.

14 ноември 2011 година, требало да биде само уште еден обичен работен ден за овој човек. На крајот, овој ден му го променил животот засекогаш.

Како и обично, Марк пристигнал да ја одработи својата 24-часовна смена. Меѓутоа, тој ден го распоредиле во медицинскиот тим. Неговата единица била испратена кај жена која таа ноќ родила девојче, Ребека Грејс.

Откако завршило породувањето, бебето и мајката биле однесени во болница. Наскоро станало јасно дека девојчето ќе биде дадено на посвојување. Марк не се двоумел ниту за момент и веднаш почнал да телефонира. Тој и неговата сопруга отсекогаш сакале уште едно дете, но не можеле да добијат по природен пат.

„Тоа беше долга ноќ. Не знаев дали тоа е воопшто можно. Следното утро дознавме дека е можно и се почна да се случува брзо. Грејс беше со нас 48 часа подоцна“, раскажа Марк, додавајќи дека целосно ја сметаат за дел од нивното семејство и дека никогаш не прават разлика помеѓу неа и нивните биолошки деца.

Исто така, тој и неговата сопруга одлучиле да не го кријат потеклото на Грејс.

„Не сакавме да започнеме да ја градиме нашата врска криејќи нешто од неа“, вели Марк.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....