22.8 C
Скопје
15:20 - 28 март, 2024

МАКФЕСТ 2021: Еве зошто фестивалот нема ѕвезди, како Бојана

На само 19 години ја однесе победата на ,, Макфест’. Во 2015 година повторно се круниса со победа на макфестовската сцена, а оттогаш до ден денес не се реши да учествува на ,,Макфест”.

Бојана Скендеровски ни открива што ја спречи да настапи на фестивалот на кој ја започна музичката кариера.

приватна ахива

Македонската публика те запозна како дебитант на фестивалот „Макфест“ во 2003 година  и тогаш ја однесе победата. Се сеќаваш ли на настапот тогаш, како се чувствуваше?

– Макфест за мене е една посебна емотивна приказна, тој е фестивалот од каде што започна мојата кариера. Фестивалот е расадник на најпознатите песни некогаш отпеани, но ден денес препеани. 2003 година беше моето прво појавување на ,, Макфест “, а второ на фестивал во Македонија.

Свежи ми се сеќавањата за тие денови, кога пристигнав во Штип, тогаш имаше дебитантска вечер, две полуфинални и една финална вечер. Имаше многу учесници, сите бевме еуфорични. Посебна атмосфера се создаваше во градот кога се одржуваше фестивалот, публика имаше дури и на пробите.

По прогласувањето јас не спиев цела вечер. Тој момент можам да ги споредам со моментите кога ги родив моите две деца. Се сеќавам, на настапот не знаев дали треба да играм, да гледам во мониторот, дали се слушам…

Стапна како дебитант на таа сцена. Кои беа твоите очекувања?

– Немав очекување, бев многу возбудена, на таа сцена стапнале едни од најголемите музички имиња, не само од Македонија туку и од поранешна Југославија. Јас растев со песните од Макфест, ги знаев песните на Маријана и Росана.

Ќе ви откријам една интересна приказна, мојата сестра е крстена по една од најубавите песни на Кемал Монтено – Кој да ти каже Ивана. Бев мала но знаев дека бебето ако е женско ќе се вика Ивана, ако е машко пак Ивана, (се смее, н.з.)

приватна ахива

.

2015 година повторно ја однесе победата со песната ,, Диви цветови”. Позрела, поискусна…

– Да, таа година ,, Макфест ” се одржа во едно поинакво издание, со оркестар пеевме на сцена. И тогаш беше еден посебен момент за мене и мојата кариера, затоа што за прв пат настапував со толку многу професионални музичари. ,, Диви цветови ” требаше на друго место да заврши, но среќата била да се слушне на ,, Макфест”.

Втората победа беше и твој последен настап на ,,Макфест”. Зошто повторно не проба да ја освоиш таа сцена?

– Не знам, искрено. Во меѓувреме станав мајка, а со новата улога и големи обврски, физички не бев подготвена да настапам. Но јасне се откажувам од ,,Макфест”, сега го подржувам и како публика и секогаш ќе го ценам и вреднувам овој фестивал.

Бојана за крај ни открива дека работи на нова песна и видео запис, а во иднина сака да го заокружи новиот материјал со концерт.

 

Слични објави

(Фото+видео) Теодора Џехверовиќ првпат „уловена“ со новиот дечко: Пејачката ужива во љубовта со познат кошаркар

Еспресо

Прва објава на Тони Бијелиќ за разводот со Драгана и неговата љубовница: Отсекогаш сум бил чесен и достоинствен!

Еспресо

Богатството на Драгана Мирковиќ се проценува на 100 милиони! Од имотот, бизнисите и автомобилите на пејачката и Тони ќе ви се сврти во глава

Еспресо

„Официјално сум разведен“, Харис Џиновиќ излезе од суд и порача: Мелина е никаква, не простувам неверство!

еспресо

Големо изненадување: Пет хороскопски знаци кои ќе доживеат драстични промени во април

еспресо

(Фото) Саудиска Арабија за првпат на Мис Универзум: Оваа убавица го направи историскиот чекор

еспресо
Се вчитува....