8.8 C
Скопје
18:55 - 31 март, 2026

(ВИДЕО) СЕКОЈА ЧЕСТ: Мајка го тера својот син да прави 12.000 чекори дневно ако сака да игра видеоигри

дете

Ако сака да игра видеоигри за време на викендите, ова момче мора да направи 12.000 чекори дневно.

Неговата мајка објави видео на „ТикТок“ во кое момчето трча на лента, обидувајќи се да ја постигне својата секојдневна цел.

„12.000 чекори дневно за да заработите играње игри за време на викендот“, напиша таа во описот на видеото.

„Во ред е да се движи, но тогаш отидете со детето во парк, не го правете ова“, „Ова се работи за кои еден ден ќе разговара со психијатар“, се дел од критиките кон мајката.

@themarienfam Yes, ges rubning in crocs. 🤣 #videogames #boymom #workout #momlife ♬ Good Day – Nappy Roots

Мајката објасни дека не го тера синот секој ден да трча на лента за трчање, но дека мора да биде активен.

„Моите деца можат да го остварат зададениот број чекори како што сакаат. Исто така, ако не сакаат да играат игри, не мораат. Тие можат да направат свој избор. Мојот син ме праша дали може да ја користи лентата откако завршив со трчање. Како наставник по физичко, можам да ви кажам дека немате поим колку се нездрави децата“, рече таа.

Други сметаат дека е позитивно тоа што момчето ги користи сите средства за да направи 12.000 чекори дневно. Во секој случај, за пофалба е што се движи. Нека трча каде и кога сака!

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....