6.8 C
Скопје
02:27 - 28 април, 2024

Поради недостаток на витаминот Е, имунитетот слабее

Витаминот Е е вклучен во речиси 200 биохемиски процеси во човечкото тело и е еден од оние без кои имунитетот не може да функционира добро. Како и витаминот Ц, и ова е моќен антиоксидант кој учествува во заштитата на клеточните обвивки од дејствувањето на слободните радикали, а исклучително важна е и неговата способност во регулирањето на имунолошките функции.

При недостатокот на витаминот Е, имунитетот на организмот ослабува, што е поврзано со зголемениот број на заразните болести и поголемата инциденца на туморите. Препорачаната дневна доза на витамин Е е 15 мг (во форма на алфа-токоферол), но терапевтските дози се многу поголеми и не можат да се постигнат со исхраната, туку и со суплементите.
Горната граница на дневно внесување е 1.000 мг. Во истражувањето на Универзитетот „Тафтс“  следена е инциденцата на инфекции во домовите за стари лица, каде што превентивно се применувал витаминот Е. Дозата од 200 мг се покажала како идеална, а поголемите дози не го зголемиле заштитниот ефект.
Добри извори на витамин Е се јаткастите плодови (ореви, бадеми, лешници) и семките, зеленчукот, растителните масла: семки од сончоглед (30 г = 7,4 мг), бадеми (30 г = 7,3 мг), лешници (30 г = 4,3 мг), кикирики (30 г = 2,2 мг), бразилски ореви (30 г = 1,6 мг), спанаќ (половина чаша = 1,9 мг), авокадо (половина плод = 2,1 мг), пире од домати (четвртина шолја = 2,8 мг).
Ниското ниво на витамин Е може да доведе до слабост во мускулите, тешкотии во координацијата и одењето, вкочанетост и пецкање, влошување на видот, проблеми со имунитетот, неплодност …
Недостатокот на витамин Е е редок кај здравите луѓе, особено ако тие консумираат медитеранска исхрана, која ги обезбедува неговите потребните количини.

Против формирање тромб
Витаминот Е е многу ефикасен антитромбин, бидејќи го спречува згрутчувањето на крвта и на тој начин спречува формирање на тромбови. Покрај тоа, ја спречува оксидацијата на хормонот на хипофизата и надбубрежните жлезди и го подобрува правилното функционирање на линоленската киселина, незаситена масна киселина. Негова придобивка е и тоа што го подобрува излачувањето на урината и на тој начин им помага на срцевите пациенти кои страдаат од таложење на вода во телото, а добро е да се знае и дека го подобрува видот кај луѓето на средна возраст. Истражувањата исто така покажаа дека ја подобрува состојбата кај синдромот на немирни нозе и ги ублажува болките во екстремитетите.

Исто така, докажано е и дека суплементацијата со витаминот Е може да помогне во постигнувањето на поголема дебелина на ендометриумот кај жените кај кои ендометриумот е потенок од 10 мм, со што се зголемуваат шансите за зачнување. Витаминот Е ја зголемува и подвижноста и здравјето на сперматозоидите.

 

 

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо
Се вчитува....