12:45 - 2 април, 2026

Одличен сок за слабеење

Исфрлете ги токсините од организмот, а со нив и мастите, со помош на овој вкусен напиток.

Ќе ослабете и ќе се чувствувате подобро, ќе имате повеќе енергија и елан, кои се така неопходни за пролетта пред нас. За неговата подготовка потребно ви е: 1 литар вода, 1 грејпфрут, 1 мандарина, 1 краставица, 4-6 големи листови свежо нане и лед.

Краставицата исецкајте ја, грејпфрутот и мандарината излупете ги и исцекајте ги на кришки, ставете ги сите во стаклен бокал, прелијте ги со водата и ставете ги во фрижидер. Оставете да отстои преку ноќ, па утредента промешајте и пијте ја течноста преку целиот ден.

Ако ве интересира како овој напиток така благотворно делува на организмот, еве објаснување: грејпфрутот изобилува со витамин Ц, а содржи и витамини А, Е, К, витамини од Б групата, како и флавоноиди кои имаат антиоксидативно дејство. Притоа е богат со калциум, фолна киселина, фосфор и калиум. Мандарината го нивелира шеќерот во крвта и ја забрзува потрошувачката на калории. Краставицата го зголемува чувството на ситост. Со оглед на тоа дека е природен диуретик, ја намалува надуеноста и го чисти телото од токсини. Нането го забрзува варењето и го смирува желудникот.

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Многумина го игнорираат овој ран симптом на деменција: Предупредувачки знак може да се појави и при качување по скали.

Еспресо
Се вчитува....