9.8 C
Скопје
10:26 - 11 март, 2026

ЛУКОТ Е КРАЛСКА НАМИРНИЦА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ, НО НЕ СМЕЕТЕ ДА ЈАДЕТЕ ПОВЕЌЕ ОД ОВАА КОЛИЧИНА: Во спротивно може да ви наштети!

Лукот содржи најмалку десетина антиоксиданси кои освен што го зајакнуваат имунолошкиот систем, го намалуваат холестеролот, делуваат против згрутчувањето на крвта и го спречуваат општото влошување на телото, но исто така лукот го штити мозокот од ментални нарушувања како губење на меморија, намалена концентрација, депресија и деменција.

Ако сакате да живеете поздраво и подолго, јадете лук, растение кое важи веќе пет илјади години како средство за враќање на виталноста и универзален лек за бројни заболувања. Дури во последните децении науката почнува да разбира зошто лукот е толку важен – содржи грст корисни хемиски состојки меѓу кои има и бројни антиоксиданси, што е причина за неговото силно дејство на зачувување на клетките од оштетување, како и на целото тело од предвремено стареење.

Но сепак, не претерувајте! Доволни се две до три чешниња на ден. 

Две до три чешниња свеж лук се исти како една кафена лажичка лук во прав, односно четири таблети (од илјада милиграми). Доколку го конзумирате во апчиња, строго следете ги упатствата на производителот и препораките на фармацевтот. Зашто големи количини може да бидат токсични. Ако конзумирате варен лук, речиси и нема опасност, но свеж лук повеќе од три чешниња дневно може да предизвика дијареа, гасови, надуеност и дури и треска.

Повеќе од 20 грама лук дневно, што е еднакво на седум до десет чешниња, може да предизвика крварење во дигестивниот систем. Ако, на пример, земате лекови за разредување на крвта, разговарајте со вашиот лекар пред да го зголемите внесот на лук.

Варениот лук или лукот без мирис не содржи значителни количини на алицин. Затоа, пожелно е да го исечете или згмечите лукот и да оставите малку да испушти алицин и потоа да го додадете во јадењето кое го готвите или најдобро да го јадете сиров, затоа што тогаш неговото антибактериско дејство е најголемо. Главната состојка на лукот – алицинот брзо се претвора во други супстанци што содржат сулфур, за што се верува дека му ги даваат на лукот неговите лековити својства, како што се одлична намирница во борба против настинки, грип и коронавирус, пишува порталот Живим. хр.

Слични објави

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо
Се вчитува....