Лек за 100 болести: Боровинките се едни од најлековитите овошки

Боровинките се едни од најлековитите плодови што ни ги дала природата. Малите, синовиолетови топчиња, долго време се поврзуваат со долговечноста и општата благосостојба на луѓето што редовно ги јадат.

Сок од боровинки

Сокот подготвен од боровинки, според многумина е еден од највкусните напитоци, кои истовремено им е омилен на различни генерации. Освен тоа што таа може да се консумира свежа и како сок, боровинката исто така може да се складира и за во зима, подготвена како мармалад или слатко или едноставно замрзната. Замрзнатата боровинка, има речиси идентични нутритивни вредности како и свежата боровинка.

Чај од плодовите, листовите и коренот

Многумина боровинката најчесто ја консумираат во вид на чај. Токму чајот од боровинка важи за еден од најлековитите напитоци и се подготвува од сушени плодови. Сепак, немојте да се изненадите кога билкарите ќе ви препорачаат редовно да пиете и чај подготвен од листови од боровинка.

Чајот подготвен од суви листови од ова растение, спречува појава на проблеми со мокрењето, како кај децата така и кај возрасните. Исто така, со редовно пиење чај од листови од боровинки, значително се подобрува функцијата на бубрезите и успешно се одржува здравјето на бешиката.

Листовите од боровинките многу помагаат и во намалувањето на нивото на шеќерот во крвта и токму затоа се препорачува да го пијат луѓето што имаат дијабетес. Овој чај многу помага и во намалувањето на сувото кашлање, болки во желудникот, мачнина, надуеност и повраќање. За да го подготвите чајот од боровинки, сѐ што треба да направите е во зовриена вода да потопите неколку листови од оваа билка, а потоа едноставно да го процедите напитокот и да го испиете.

Чајот од свежите боровинки се препорачува да го пијат сите што имаат проблеми со видот, бидејќи во составот на ова здраво растение концентрирано е поголемо количество каротен. Исто така се користи и за подобрување на цревната функција и чистење на цревата од паразити.

Замрзнување боровинки

Сите мислиме дека свежата храна е најдобра за нашето тело. Оваа констатација е точна за сите други растенија, освен за боровинката. Имено, во составот на боровинките е концентрирано големо количество антиоксиданти, хранливи материи и влакна. Исто така, во нивниот состав се забележани и антоцијаните кои се природни антиинфламаторни хемиски соединенија, за кои се верува дека имаат антиканцерогени својства. По замрзнувањето, количината на антоцијани во боровинките расте. Токму затоа се препорачува секогаш во вашиот фрижидер да имате замрзнати боровинки, кои можете да ги консумирате како дел од вашиот омилен колач, но и како дел од напитоците што секојдневно ги пиете.

Идеална храна

Боровинките се идеална храна за мажите, за жените, а најмногу за децата. Ова овошје е богато со витамините А, Б и Ц, како и со антиоксиданти, кои го чуваат менталното здравје и мозокот од оштетување.

Со редовното консумирање боровинки, мажите го намалуваат ризикот од појава на дијабетес тип 2, бидејќи овие плодови помагаат во регулација на нивото на шеќер во крвта. Боровинките исто така се богати и со растителни влакна и со протеини.

Овие плодови содржат и мало количество витамини од Б-комплексот, какви што се: ниацин, пиридоксин, фолати и пантотенска киселина. Овие витамини служат како кофактори, кои му помагаат на телото при метаболизацијата на јаглехидратите, протеините и мастите.

Дополнително, боровинките содржат и солидна количина минерали, какви што се: калиум, манган, бакар, железо и цинк. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок. Манганот се користи во телото како кофактор за антиоксидантскиот ензим супероксид дисмутас. Бакарот е неопходен за создавање на црвените крвни зрнца. Железото е потребно за оформување на црвените крвни зрнца.
Хранливите состојки го намалуваат ризикот од неуродегенеративни болести, болести на срцето и рак.

Изобилуваат со антиоксиданти

Боровинките изобилуваат со антиоксиданси, кои го подобруваат имунитетот со неутрализација на делувањето на слободните радикали. Со тоа се намалува штетноста на токсините што влегуваат во организмот. Исто така, го штитат уринарниот тракт од инфекции, го прочистуваат и спречуваат влез на бактерии.

Ги подобруваат моторните функции

Сите луѓе постари од 55 години секој ден мораат да јадат боровинки. Токму постарите лица имаат повисок ризик од губење на моторните функции со годините. Меѓутоа, доколку консумирате свежи или замрзнати боровинки, ќе ги подобрите моторните функции и ќе го намалите ризикот од когнитивни проблеми.

Го подобруваат варењето на храната

Доброто функционирање на дигестивниот систем и забрзаното варење на внесената храна, имаат значење за целокупното здравје. Не само што боровинките се одличен извор на растителни влакна, кои прават дигестивниот систем редовно да работи, туку и антиоксидантите во боровинките го штитат од оштетување. Поради тоа, со редовно јадење на овие плодови, речиси за 90 отсто се намалува можноста за појава на рак на дебелото црево.

Спречуваат оштетување на нервниот систем

Редовното јадење замрзнати боровинки може да го заштити нервниот систем од оштетување. Ова е од суштинско значење, со оглед на тоа колку нашето тело е изложено на отрови секој ден. Замрзнатите боровинки ќе му помогнат на нервниот систем да остане здрав и силен.
Со редовно јадење боровинки можете да го намалите ризикот од невролошки болести, бидејќи во нивниот состав се концентрирани и антоцијаните, кои имаат моќ да ја подобрат функцијата на мозокот како и да ја подобрат меморијата.

Одлична храна за сите што се на диета

Боровинката има многу ниска калорична вредност. Во 100 грама свежи боровинки има само 57 калории. Од друга страна, боровинките содржат растворливи растителни влакна, витамини, минерали и пигментни антиоксиданти, кои значително придонесуваат за доброто здравје и општата благосостојба. Токму поради тоа тие се одлична храна за сите што внимаваат на исхраната, но и континуирано „работат“ на тоа да имаат вито тело.

Боровинките можат да бидат причина и за појава на алергиски реакции

Боровинките понекогаш можат да предизвикаат сериозни алергиски реакции кај некои чувствителни луѓе. Најчесто ваквите реакции настануваат поради мешање со алергени од други видови овошје (јагоди), полен или мед. Најчестите симптоми на алергијата на боровинка се: отекување и вцрвенување на устата, усните и јазикот, егзема, исфрлање на кожата, главоболка, растечен нос, чешање на очите, отежнато дишење, гастроинтестинални тешкотии.

Колач со боровинки

Состојки:

300 грама брашно
300 милилитри млеко
150 грама свежи боровинки
150 грама шеќер
100 грама путер
1 јајце
1 прашок за печиво
малку сол

Подготовка:

Во подлабок сад ставете ги јајцата и шеќерот, а потоа со миксер, вклучен на најголема брзина, убаво измиксирајте ја смесата. Во садот додајте го млекото, а потоа и растопениот и изладен путер.

Измешајте убаво со лажица и на крај додајте ги брашното, прстофат сол и прашокот за печиво.

Повторно убаво измешајте ја смесата.

Боровинките извалкајте ги во брашно и додајте ги во смесата.

Промешајте и ставете ја вака подготвената смеса во сад за печење.

Печете во претходно загреана рерна на температура од 200 степени околу 30 минути.

Сок од боровинки

Состојки:

10 килограми боровинки
4 килограми шеќер
25 литри вода

Подготовка:

Пред да почнете со подготовка на овој сок, кој е многу здрав, набраните боровинки убаво исчистете ги од листовите и од гранчињата.

Потоа ставете ги во големо тенџере и залијте ги со потребното количество вода. Оставете водата заедно со боровинките да врие околу 30 минути. Потоа, извадете ги боровинките, процедете го добиениот сок и повторно вратете го да се вари. Во сокот од боровинка додајте го потребното количество шеќер (иако е наведено колку, тоа може да варира по ваш вкус) и оставете ја течноста да се вари. Доколку се создаде пена на површината на течноста, соберете ја, сѐ со цел да спречите расипување на сокот.

Оставете го сокот да врие околу 30 минути, а потоа соберете го во стерилизирани стаклени шишиња.

Од боровинките што ги извадивте од сокот можете да подготвите слатко или мармалад наместо да ги фрлите.

Слични објави

Дунав не би ги испрал: Вељко и Богдана во кал до глава! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Хороскоп за 18 февруари вторник – Стрелците ги очекува нова љубов, Рибите ќе добијат пари

Еспресо

Бојан Маровиќ и Тијана Дапчевиќ: „2 CELLOS“ на наш начин! (ФОТО)

Еспресо

Секси Тина на маки поради малото бикини: Брановите ѝ ги „разбрануваа“ градите, па едвај ги задржи! (ФОТО)

Васко Спасоски

Интересни факти за секој хороскопски знак – Досега сигурно не сте ги знаеле!

Еспресо

Вашето лице изгледа уморно и вашата кожа нема сјај? Оваа маска ќе го реши вашиот проблем!

Еспресо

Остави Коментар

1 + 5 =

Слични објави

Ким Кардашијан неколку месеци пред 40-от роденден официјално стана милијардерка

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 мај: Игнорирајте ги другите, а следете го она што ви го кажува срцето

Еспресо

Британска пејачка сними спот во синиот воз на Тито – Погледнете како тоа изгледа! (ВИДЕО)

Еспресо

Рајски остров: Фолегандрос (ФОТО)

Еспресо

По написите за разводот со Северина: Игор Којиќ покажа кој му прави друштво

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Еспресо