21:34 - 9 ноември, 2026

Koга е безбедно да се гледате со другите луѓе откако ќе прележите ковид-19

Ако имате ковид-19 и оздравете до точка кога веќе немате симптоми, кој е протоколот за да откриете дека целосно сте закрепнале?

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), ако мислите или знаете дека сте имале коронавирус и сте развиле симптоми, можете да бидете во близина на луѓето во следниве случаи:

– 10 дена откако се појавиле првите симптоми и

– 24 часа без температура без употреба на лекови за намалување на температурата

– никакви други симптоми на коронавирус

Мора да ги исполнувате сите три критериуми. Но, што навистина значи таа последна точка?

– Закрепнувањето може да значи намалување на отежнатото дишење, назалната конгестија или кашлицата и престанување на болката во грлото – рекол д-р Ерик Сачинвала, медицински директор за превенција и контрола на инфекции во медицинскиот центар „Ајнштајн“ во Филаделфија.

Важно е да го проветрувате просторот дома 10 дена, дури и ако симптомите целосно исчезнат по неколку дена. Не е важно ако веќе не кашлате или немате треска – сè уште можете да бидете заразни.

Студиите покажале дека луѓето со лесна до умерена слика на болеста, по овој десетдневен период, ако немаат никакви симптоми, не можат да го пренесат вирусот, велат научниците.

Ако ги исполнувате сите критериуми, не треба да се тестирате, освен ако тоа не ви го препорача лекарот.

За луѓето кои имаат позитивен тест на коронавирус, но никогаш не развиваат симптоми, ЦДЦ вели дека можат да стапат во контакт со другите по 10 дена од добивањето на резултатите од тестот.
Меѓутоа, упатствата се разликуваат ако сте сериозно болни или имате многу ослабен имунолошки систем.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....