21:26 - 9 ноември, 2026

Шефицата на персоналот на кралицата Елизабета по 32 години даде отказ

кралица елизабета

Шефицата на персоналот на кралицата Елизабета Втора во Сандринграм даде отказ по 32 години работа затоа што вработените не сакале да поминат еден месец во изолација.

Патриција Ерл поднесе оставка откако пред неколку недели вработените одбија да поминат еден месец во изолација со кралицата и со нејзиниот сопруг, без можност да се видат со семејствата.

Како што пишуваат британските медиуми, на Патриција ѝ било непријатно што персоналот го одбил планот поради пандемијата со коронавирус да се изолира заедно со кралицата, за да ја заштити од опасната болест што не стивнува.

Патриција Ерл била примерна шефица на персоналот, а пред две години добила кралски медал од кралскиот викторијански ред за посветена работа. Таа не сакала да коментира зошто дала отказ, но веста на медиумите им ја пренесол портпаролот на Бакингемската палата.

– Нејзиното заминување беше пријателско – кратко соопштил тој.

Кралското семејство замолило околу 20 вработени на имотот во Норфолк, еден месец да се изолираат со кралицата Елизабета и со принцот Филип поради пандемијата за да ги поминат божиќните празници без страв од коронавирусот.

Но група вработени го одбила планот, бидејќи не им се допаднал фактот дека нема да смеат да ги видат семејствата за време на Божиќ. Кралицата со членовите од своето семејство досега ги минуваа божиќните празници во Сандриграм, но поради пандемијата за првпат по 33 години ќе ги помине во дворецот во Виндзор. Елизабета Втора и нејзиниот сопруг таму се од октомври, освен што неколкупати поради професионални обврски таа мораше да отиде во Лондон на неколку денови.

Првпат по 1949-та година, кралската двојка ќе ги мине празниците без своите деца и внуци.

Но, тука не завршуваат тажните вести за кралицата. Таа остана и без омиленото куче, коргито Вулкан. Познато е колку кралицата е приврзана со своите миленици. Уште како млада таа го добила својот прв велшки корги, раса што подоцна стана нејзина голема љубов и страст, а во текот на владеењето ги имаше вкупно 30.

Минатата година во октомври почина последниот кралски корги, па така престана да постои кралската династија од прекрасни кученца, која датираше од 1944 година, кога Елизабета Втора го добила првиот корги, Сузан, како роденденски подарок.

Минатата година кралицата реши дека нема да ги спарува, затоа што не сака да останат по неа откако таа ќе почине. Пред неколку денови откако од старост почина Вулкан, таа остана со едно милениче, Кенди.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....