13:10 - 8 ноември, 2026

(Фото) Меѓународен конгрес во Единбург: Ги вложуваме нашите срца во грижата за пациентите

На овогодинешниот меѓународен конгрес во Единбург Шкотска, организиран од Европското друштво за кардиологија (ESC) и Здружението на кардиоваскуларни медицински сестри и сродни професии (ACNAP),  Клиника „Жан Митрев“ и нашата држава ги претставуваше сестра Сузана Димишковска. Во оваа прилика беше примена за редовна членка, една од 20 земји кои се дел од оваа асоцијација.

Темата на конгресот „Ги вложуваме нашите срца во грижата за пациентите“, ја одразува намерата да се истакнат истовремено сите димензии на кардиоваскуларната пракса, со особен фокус на пациентот.

Двете здруженија работат со цел подобрување на кардиоваскуларната грижа за пациентите кои живеат или се изложени на ризик од срцеви заболувања токму преку примена на напредна професионална пракса и иновативни решенија за подобрување на резултатите од целиот спектар кардиоваскуларни болести.

Здружението постои од 2018 година, кога Генералното собрание на Европското друштво за кардиологија (ЕSC) во Минхен гласаше и одлучи за издигнување на Советот на кардиоваскуларни медицински сестри и сродни професии (CCNAP) во асоцијација (ACNAP). Тоа е едно од само седумте во рамките на друштвото. Од своето создавање, ACNAP е асоцијација која е динамична и соработлива, а е специјализирана за превенција, рехабилитација и управување со пациенти со кардиоваскуларни болести.

Нивната мисија е да промовираат извонредност кај кардиоваскуларните медицински сестри и сродните професии преку практика, образование и истражување.

Тие веруваат дека медицинските сестри и здравствените работници имаат клучна улога во грижата за срцето. Интервенциите развиени, тестирани и имплементирани од медицински сестри и други здравствени работници можат да им помогнат на пациентите да спречат, да се прилагодат и да закрепнат од срцеви заболувања.

Нивната визија е одраз токму на сите нивните стремежи. Им посакуваме уште многу успешни конгреси.

Тимот на Клиника „Жан Митрев“ е составен од стручен медицински персонал, препознатлив по организирана тимска работа, која се карактеризира со примена на највисоките европски стандарди и норми. Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484

Комерцијален текст.

Слични објави

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо
Се вчитува....