20.8 C
Скопје
14:41 - 26 април, 2024

Дали гадењето и повраќањето се симптоми на коронавирус?

Вообичаените симптоми на болеста ковид-19 се приближно она што би го очекувале ако имате респираторни проблеми: температура, кашлица, замор и болки во мускулите. Но, според Центарот за контрола и превенција на болести, многу пациенти доживеале и гастроентеролошки проблеми какви што се гадење, повраќање и пролив, понекогаш дури и пред појавата на респираторните симптоми.

Ковид-19 може да се појави и да трае во различни форми. Некои пациенти повраќале и имале дијареја, но немале температура, објаснуваат лекарите.

Дека повраќањето е симптом на инфекција, се поврзуваше пред неколку месеци кога една девојка ги сподели своите симптоми на социјалните мрежи и соопшти дека покрај сите познати симптоми, наведе дека во подоцнежната фаза на болеста се појавило и константно повраќање со несоница и целосно губење на апетитот.

Таа не е изолиран случај, новинарката Абигејл Тартелин детално ги опишала своите симптоми:

„Еве што ми се случи: Првото утро се разбудив и почувствував болка во грлото и пречки во дигестивниот систем. Поради повраќањето, деновите ги минав во бањата, жалејќи се самата себе. По неколку денови се разви кашлица, болка во мускулите и во белите дробови.“

Иако не се тестирала, таа верува дека имала и коронавирус.

Голем број пациенти имаат симптоми на пречки во дигестивниот систем

Научниците исто така откриле дека спомнатите симптоми можат да се појават како резултат на инфекцијата со коронавирусот, покрај респираторните симптоми. Едно од првите студии беше спроведена во Кина каде што од 652 пациенти примени во болниците, кај 10 отсто од пациентите забележале и симптоми како пролив, гадење и повраќање.

Друга студија објави дека 15 отсто од ваквите симптоми се јавуваат кај возрасните, но и дека почесто се појавуваат кај децата што се заразени, и тоа од 6 до 66 отсто.
Во некои случаи, гастроентеролошките проблеми биле и единствените симптоми на болеста. Според пишувањето на „Американскиот џурнал за гастроентерологија“, кај 50 отсто од хоспитализираните пациенти во кинеската провинција Хубеј, во април, 28 од нив имале дигестивни проблеми, шест немале респираторни симптоми.

Додека експертите не се целосно сигурни зошто овој вирус предизвикува повраќање, наведуваат дека е можно дека станува збор за молекулите што вирусот ги напаѓа (ACE2), а не се наоѓаат само во белите дробови, туку и во дигестивниот тракт.

Не смеат да се игнорираат

Сите спомнати истражувања и докази укажуваат дека повраќањето и мачнината не смеат да се игнорираат додека трае пандемијата. Би било паметно да се земе предвид дека и ова се симптоми на заразата со коронавирусот, иако немате други симптоми. И во тој случај, важно е да направите тестирање, наведуваат лекарите. Ако сте ги забележале овие симптоми и сте направиле тест, паметно е во меѓувреме да останете дома и да ги следите симптомите. Исто така, додаваат лекарите, внимавајте на внесот на течности, храна и доволно количество сон.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....