14.8 C
Скопје
01:48 - 2 мај, 2024

Зеленски: „Орбан ја загубил чесноста во неговите контакти со Москва“, „Ова е наша борба. Колку повеќе сме, толку потешко ќе не уништат!“

„Им благодарам на сите што излегуваат на улиците во привремено окупираните градови. Сите што не се плашат и излегуваат на улица да протестираат“.

„Кога луѓето протестираат, и колку повеќе луѓе протестираат, толку е потешко за окупаторите да не уништат, да ни ја уништат слободата. Ова е нашата заедничка борба! И тоа ќе биде наша заедничка победа“.

Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео објавено, како и обично, во раните утрински часови на социјалните мрежи.

„Благодарен сум на сите што излегуваат на улиците во привремено окупираните градови – додаде Зеленски – на сите што не се плашат и излегуваат. Благодарен сум им и на сите што се плашат, а излегуваат“.

„Нам не ни требаат милиони оклопни возила или шлемови од специјална марка. Ни требаат ракети и авиони“ – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во телевизиско интервју за Фокс њуз.

„Руските трупи сакаат да го заземат Донбас и југот на Украина. Свесни сме дека непријателот има резерви да го зголеми притисокот на исток. Ја зајакнуваме одбраната на истокот и на Донбас- додаде тој во синоќешното видео. „Мораме да ја пофалиме храброста и издржливоста на оние кои ги бранат градовите, но и да кажеме дека нашата земја не доби доволно модерни противракетни системи од западните сојузници“.

Зеленски го нападна Орбан

„Тој е практично единствениот во Европа кој отворено го поддржува Путин“ – претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го нападна унгарскиот премиер Виктор Орбан во својата вообичаена ноќна видео порака.

А, како што објави „Гардијан“, Зеленски рече дека „зборува искрено за Орбан: таа чесност е она што му недостасува на господинот Орбан, тој веројатно ја изгубил чесноста некаде во неговите контакти со Москва“.

Средба Путин – Зеленски

Украинскиот преговарач Дејвид Арахамија изјави во телевизиски пренос дека доколку евентуално се одржи средба меѓу претседателите Володимир Зеленски и Владимир Путин, најверојатно таа ќе се одржи во Турција. Шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган, кој беше домаќин на руската и украинската делегација во неговата земја оваа недела, „ни се јави нам и на Владимир Путин“ во петокот, велејќи дека тој ќе биде домаќин на таков состанок, рече тој.

„Не го знаеме датумот или местото, но мислиме дека местото најверојатно ќе биде Анкара или Истанбул“, истакна Арахамија.

Инаку, откако започна инвазијата на Украина на 24 февруари, Зеленски постојано повикува на индивидуален разговор со Путин, пренесува раињуз.

 

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....