22.8 C
Скопје
18:30 - 10 мај, 2026

Зеленски ќе се појави на ОСКАРИТЕ!? Преговорите се во тек, се чека официјална потврда

Веста допрва треба да се потврди од Американската академија, но најверојатно претстедателот на Украина ќе го видиме на Ноќта на Оскарите.

Украинскиот претседател е во преговори со Американската академија за да се појави на значајниот настан во живо или на видео снимка, за време на значајниот настан- Оскарите кои ќе се случуваат во недела навечер.

Изворот е „Њујорк пост“, според кој украинскиот претседател Володимир Зеленски, наводно, е во разговори со Академијата за филмски уметности и науки за да се појави – најверојатно преку видео.

Организаторите се прашуваат дали познатата вечер на доделувањето на Оскар треба да остане „аполитичка“ церемонија или може да си дозволи нова сцена за справување со деликатно прашање како што е руската инвазија на Украина. На крајот на краиштата, смета Еј-би-си, нема ништо лошо во тоа да се појави еден претседател на Оскарите, кој претходно бил и актер.

Но, малку е парадоксално тоа што Зеленски го посакува, зашто токму неговата актерска професија – комичар, му донесе куп „понижувања“ на негова сметка токму сега кога е претседател и кога се соочува со страшна ситуација во земјата.

Некои пак тврдат дека само на изглед е парадокс. Неговото можно учество на Оскарите е целосно дел од стратегијата што ја постави украинскиот претседател од почетокот на конфликтот. Ако воените сили на терен се објективно различни меѓу двајцата претенденти, од гледна точка на комуникација и управување со медиумите, Зеленски беше беспрекорен, толку многу што успеа да ја донесе украинската кауза во парламентите на главните европски престолнини и на плоштадите на многу западни градови демонстрирајќи во корист на својот народ. И сега тој глас може да најде добредојде во еден од највлијателните и највидливите настани во светот. Уште еднаш медиумски потег, начин да се одговори на руските гранати со комуникациски гранати, способни да придвижат меѓународно финансирање, вооружување, заштита и солидарност.

Ќе видиме дали Зеленски навистина ќе ја искористи оваа прилика да зборува за својот народ во контекст различен од претходните, на место – далеку од реалноста на војната која зема жртви секој ден – ноќта на Оскарите, карактеристична по црвениот тепих, гламурот, фотографите, тоалетите што го одземаат здивот и солзите радосници за посакуваната златна статуетка. Тука Зеленски би можел да го искаже својот нов апел за што поскоро завршување на војната во Украина.

Слични објави

Зорица Брунцлик случајно дознала за страшната дијагноза: „Твојот живот виси на конец…“

Еспресо

Редок увид во приватниот свет на Мерилин Монро – аукцијата ја открива нејзината најранлива страна

Т.Ц.

Има вила на Кипар вредна 200.000 евра и три куќи на планина – српскиот музичар разви бизнис и заработува сериозни пари

Еспресо

(Фото) „За моето дете“: Милица Тодоровиќ со емотивна објава му се обрати на својот тримесечен син Богдан

Еспресо

(Фото+видео) Ќерката на Здравко Чолиќ во стајлинг од 7.000 евра – Уна позираше во фустан со деколте и влечки на високи потпетици

Еспресо

Хороскоп за 10 мај: Раковите ќе имаат недоразбирање со блиските, Јарците ќе се соочат со нестабилност во финансиите

Еспресо
Се вчитува....