27.8 C
Скопје
17:23 - 8 мај, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 26 МАРТ: Љубов за Биковите, трошоци за Јарците, одлично расположение за Раковите

дневен хороскоп

ОВЕН

Будно следете ги новостите и не се предавајте пред ограничувањата. Денеска не е ден за еротски случувања, но затоа емоциите ви се на високо ниво. Ќе ве мачат алергии.

БИК

На работа ве штитат, но тоа не значи дека не треба да се докажувате. Ви следува складен љубовен ден во кој ќе успеете да ги надминете сите критики од партнерот и да се прилагодите на ситуацијата. Внимавајте на храната, денес ќе имате чувствителен стомак.

БЛИЗНАЦИ

Ако се сомневате во своите способности, погледнете наназад и ќе сфатите што сте постигнале досега. Избирајте ги зборовите паметно, за да не наидете во празнина во односите. Краткотрајна главоболка.

РАК

Со своето знаење ќе постигнете многу почит кај своите колеги. Партнерот ќе ве опсипе со нежности. Односот ви се подобрува секој ден. Расположени сте.

ЛАВ

Ќе бидете растргнати меѓу желбите и можностите. Гледајте реално на нештата. Семејната ситуација нема да ви дозволи да согледате дека ви се насмевнува добра љубовна прилика. Грижете се за себе.

ДЕВИЦА

Следете ги своите колеги, бидејќи само така ќе стигнете до заедничката цел. Пред вас е исполнет љубовен ден со квалитетно заедничко време. Прошетајте на воздух.

ВАГА

Не навлегувајте во дискусии кој е во право, а кој не. Во љубовта, ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека очекувате многу од личноста која ја сакате. Здравје -привремени несоници.

СКОРПИЈА

Ќе бидете мотивирани за интересни професии, како што се пишувањето и уметноста. Ќе сфатите дека некоја личност од вашето опкружување е многу заинтересирана за вас. Чувајте се од ментални манипулации.

СТРЕЛЕЦ

Ако одите на викенд патување, добро проверете го автомобилот и купете патничко осигурување. Еден разговор ќе ве наведе да го преиспитате својот однос со личноста која ви се допаѓа. Внимавајте на кашлица.

ЈАРЕЦ

Потрудете се околу менаџирањето на финансиите, премногу трошите. Љубовта го исполнува вашиот дом. Среќни сте со својата ситуација. Здравје – кога последен пат сте направиле здравствена контрола? Охрабрете се.

ВОДОЛИЈА

Ќе научите подобро да ги организирате парите што ги имате на располагање. Во љубовта напорно ви е да објаснувате зошто избегнувате блискост. Затоа, само дистанцирајте се. Од здравствен аспект -проверете ја крвта.

РИБИ

Ќе мешате професионални и приватни нешта, но обидете се работата да не ја носите дома, особено за викенд. Во љубовта уште ја барате сродната душа. Гледајте внимателно околу себе. Чувствителни ви се мускулите, пешачете повеќе.

Слични објави

„Сега сум среќна жена“: Драгана Мирковиќ блеска по разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам драги луѓе“: Никола Роквиќ пешачи 17 дена, откри колку пари се собрани досега!

Еспресо

Тони Бијелиќ веднаш се огласи по веста дека ја моли Драгана да се смират

Еспресо

(Видео) Гледачите на Евровизија шокирани! Ирска со најконтроверзниот настап на првото полуфинале од годинашното издание

Еспресо

Пукање пред вилата на раперот Дрејк: Застрелан член од неговото обезбедување

еспресо

Астропрогноза за среда, 8 мај: Вагите да избегнуваат конфликти, Стрелците да внимаваат на долгови

еспресо
Се вчитува....