22:07 - 27 ноември, 2026

Заработува огромни пари: Вељко Ражнатовиќ продава свинско месо на синџир хотели во Србија

Вељко Ражнатовиќ во последните четири години се занимава со одгледување свињи и одлично му оди, судејќи по зборовите извор блисок до синот на Цеца Ражнатовиќ, кој за „Курир“ тврди дека Вељко дури и го прошири бизнисот.

Имено, како што открива изворот тој склучил договор со сопственик на синџир хотели лоцирани на повеќе локации во Србија за да им продаде поголемо количество месо. Овој бизнис вклучува и кланица каде се преработува и дистрибуира месото.

– Слушнав дека Вељко пред година-две отворил свињарска фарма во Тител, но не знам колку е точна таа информација. Тој веќе неколку години има фарма во Житораѓа и таму одгледува неколку илјади свињи годишно. Тоа е голем бизнис, нема сомнеж дека Вељко добро живее од тоа. Со оглед на тоа дека откупната цена на свињите за гоење беше проблематична извесно време, Ражнатовиќ потоа побара сигурна продажба и на тој начин склучи договор со синџирот хотели – рекол изворот, додавајќи дека засега двете страни се задоволни од зделката.

– Работи на тој начин што фармата на Вељко одгледува свињи, ги доставува во кланица, каде што се врши контрола на квалитетот од ветеринарни инспектори, по што следи делумна и целосна преработка на месото, кое потоа се транспортира во хотелите низ Србија. Мислам дека на овој начин Вељко не само што има сигурен купувач туку и повисока продажна цена – додал изворот на „Курир“.

Слични објави

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо
Се вчитува....