07:46 - 8 ноември, 2026

Забраната ќе важи и за туристи: Индонезија забранува предбрачен секс и заеднички живот пред бракот, затворска казна до една година

Индонезија донесе закон со кој се забранува секс надвор од бракот, пишува Aljazeera. На прекршителите им се заканува затворска казна до една година, а забраната ќе важи и за туристите.

Според новиот закон, локалните жители ќе можат да ги пријавуваат невенчаните двојки во полиција доколку се сомневаат дека имаат интимна врска.

За вонбрачна заедница, меѓу другото, се казнува со шест месеци затвор или парична казна, но само доколку некој тоа го пријави во полиција.

„Горди сме што нашиот казнен законик е во согласност со индонезиските вредности“, рече индонезискиот министер за правда Едвард Омар Шариф Хиариј.

Дополнително, со новите амандмани ќе се забрани навреда на претседателот, на државните институции, како и изразување на какви било ставови што се спротивни на државната идеологија на Индонезија.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....