1.8 C
Скопје
10:34 - 19 декември, 2024

(ВТОР ДЕЛ) РАЗГОВОР СО МАРИЈА ПИЈАНМАНОВ: Нашата приказна е поубава од филм, јас сум навистина среќна жена покрај сопругот

Го продолжуваме разговорот со Марија Пијанманов, Македонка во Париз, и ви откриваме детали од нејзиниот начин на живот.

РАЗГОВОР СО МАРИЈА ПИЈАНМАНОВ, НАШИНКА ВО ПАРИЗ: Мојот живот наликува на изложба во музеј, сопругот ми го подари Париз!

Колку уметноста и уметничките дела се присутни во вашиот дом?

– Мојот сопруг е режисер, школуван е само во Париз. Неговиот татко е писател, професор во Сорбона, ректор во Универзитетот за аудиовизуелни уметности Еуропа Прима. Неговата мајка е професор по руски јазик и книжевност, а јас сум дипломиран историчар на уметност. Ова сѐ кажува дека има многу уметност собрано од нас и тоа во царството на уметноста Париз. Мојот сопруг компонира и свири свои композиции на клавир и тоа често го прави и за мене дома во Париз, или каде и да сме, ако види клавир тој ми свири прекрасни мелодии кои сам ги смислува и имам неколку омилени. Тој ќе издаде наскоро и албум. Имав чест во престижниот хотел Four Seasons Hotel George V, Paris исто така да ми свири клавир. Во декември тој издаде и книга со поеми во Париз, „Француски фантазии” и ме однесе на прекрасна вечера во популарниот Конг за да прославиме за неговиот успех.

фото – приватна архива

Станот во кој живееме изобилува со неколку големи библиотеки полни со книги. Колекционер е и на плочи, стрипови и филмотека. Нашиот живот е уметност, бидејќи ги посетуваме и најубавите светски изложби и класични концерти кои се случуваат во Париз. Исто така во завршна фаза е и неговиот документарен филм за Токио каде е снимен филмот. Цела оваа уметничка енергија поминува преку нашиот дом, каде слушаме освен класична и рап, џез, музика, опера, и модерен рок, имаме специфичен вкус за разлика од секојдневието и шемата која ја нудат трендовите.

Колекционери сме и на уметнички слики со посебна симболика, а домот во Париз е класичен со француски манир, тие стилови во Париз се зачувани и се негуваат.

Секогаш беспрекорно дотерана, да го пренасочиме разговорот кон модата. Кое ти е омилено парче облека во гардероберот, а кое најлуксузно?

– Благодарам.

Можам слободно и сама за себе да кажам дека сум дефиниција за модна икона и нема да погрешам. Од дете прва ги купував модните парчиња кои ја одбележуваат сезоната, бев препознатлива по тој природен талент за мода наследен од родителите кои важеа за исто така модерни луѓе.

Почесто ме прекопираа, а сакав да бидам уникатна, и највпечатлива.

Знам да ја предвидам и да ја износам модата и да привлечам внимание и за мене тоа е уживање, љубов кон себе си, затоа што сум вистина женствена жена. Интересно е дека најголемите комплименти ги добивам токму во Париз, и овде често кога се движам на авениите минувачите довикуваат la Star (ѕвезда). Но и во ресторани или на ноќни забави ова секогаш се повторува, многумина се фотографираат со мене или ме снимаат, како и во други градови како Амстердам, Барселона …

Веројатно и мојот изглед кој што е природен заедно со мојот стип создаваат една севкупна слика на модерна, заводлива жена. За среќа, во Париз нема злобници и љубоморни луѓе, па уживам во комплиментите.

фото – приватна архива

Немам омилени парчиња облекa, јас сум си омилената на себе и сè што употребувам за да се стилизиран е само момент од времето. Животот е краток за да сме робови на материјалното, модата е минлив тренд кој се повторува. Сакам јас да сум бренд, а не брендот од мене да направи „фаца” за памнење. Сакам женствени фустани, високи потпетици, кратки здолништа, чипка, кожа, крзно, шлиц, добри чорапи, подвезици, здолништа со пердуви и романтични кошули со големи ракави и тесни здолништа кои ја отцртуваат линијата. Не сакам да делувам како некој да ми ги позајмува облеките, како што ми делуваат со естетиката сите модни блогерки. Како од некоја фабрика на бои или реклама, за само да направам една фотографија. Ниту пак да оставам впечаток дека работам за мафијата, ставајќи врз себе имиња на брендови кои немаат врска со мојата креативност. Ха-ха. Љубител сум и на сребрената и златна боја, сакам раскошни капути, наметки и високи ракавици, и сè тоа да биде толку -јас. Колекционер сум само на убав накит, имам многу брендирани наочари, кои ми се премногу важни како украс и заштита на убавото лице, сакам и поседувам неколку убави ташни со име на омилен бренд. Тие за мене се украс. Жената треба да биде сензуална и природна. Да оставаи траг со прекрасните детали, со добар парфем и со негувана но природна убавина. И секогаш да има убава фризура. Како, на пример, мојата долга french blonde, фризура која ја носам од почетоците во Париз, а гледам дека сега многумина го преповторуваат овој стил. Јас сакам да сум во тој фам – француски заводлив стил, да одам како жена, да блескам како жена и да бидам вистинска, а не само роб на мода и трендови. Не треба да биде нешто прескапо за да си модерен, но секако, треба една дама да одбере квалитетни материјали. Често ме прекопирале со фризура, со фустани, со шминка, со изглед, но секогаш подоцна, од кога веќе мене тој стил ќе ми здосади, па не сум се заморувала никогаш поради тоа. Навистина е добро да инспирираш, со убавината која се негува на вистински начин, сепак не е пријатно папагалското повторување.

Колку ти се важни чевлите, и ако ти значат, колку чифта од нив моментно имаш во гардероберот?

– Јас почесто носам високи потпетици. Имам различни фази, кога имам прекрасен избор на чевли, од светкави, прозрачни, високи и розеви со платформи или лаковани и елегантни со бисерни детали. Пердувести, бели и црни, или салонки во повеќе бои. Ги купувам најчесто кога патувам, имам и брендирани…. секако ги одбирам во сезона на попусти бидејќи најчесто патувам. Мислам дека брендираните чевли се навистина удобни, но имам добри искуства и со Зара колекциите и ги имам речиси сите одлични модели. Омилени ми се необични дезени од високи чизми со потпетици и имам некои одлични, со чипка или мрежа, како и лаковани. Имам и омилени розеви штикли, со пердуви, купени во Париз. Во периодов со пандемијата иако сум препознатлива по високи потпетици, купувам сè помалку чевли, затоа што ги преферирам само најудобните модели, па правам комбинации во кои ќе се чувствувам добро, без оглед на модниот тренд, бидејќи сум најчесто во движење.

фото – приватна архива

Ја подредуваш ли облеката по боја, по цена, по практичност за секојдневно носење, односно, кое правило важи во твојот гардеробер?

Оваа приказна е премногу хаотична за да можам да ја прераскажам. Јас немам огледало со орман во декорација од штикли и ташни и не се фотографирам по шаблон за да оставам според мене некој впечаток на позер од детска соба. Вистина, кога бев помала во семејната куќа имав соба со огромен ормар и огледало, секогаш со подредени облеки и знаев да направам голем неред при дотерувањата. Живеев во дом на перфекционисти и сè беше сортирано. Навистина ме уморува и хаосот, но од премногу патување и преселби животот во куфер ми станал навика. Облеките ги комбинирам страсно при дотерувањата, па само некои скапи свечани фустани се на посебно сортирано место, во ормарот на сопругот, останатите се во една голема спална соба која е соба- гардероба, и најчесто ги барам низ многубројната гардероба тие парчиња кои сум замислила да ги искомбинирам. Често велам дека сакам некој да доаѓа и да ми ги здипли облеките, како и да ме облекува, како во кралските фамилии (се смее, н.з) Секако ова е шега, но сепак мислам дека добро го опишав мојот хаотичен стил на облекување и сортирање мода.

Кои ти се омилени модни марки? Од каде најчесто купуваш?

– Баленсиага поради креативноста, Шанел поради деталите, Луј Витон поради монограмите кои се копии од вистинско уметничко дело, Диор поради идеите, Александар Мек Квин поради визионерството, Кавали поради страста и оригиналноста, Тери Муглер поради силата, а сè уште мислам дека Ив Сен Лоран е мој најомилен бренд од сите, поради тој стил на вечна париска класика, која е најмоќна во модниот свет и кој го разбира ова е талентиран за мода. Кога бев мала најмногу се инспирирав од Карл Лагерфилд и така го градев стилот. Имам среќа да ги гледам и допирам секојдневно најубавите облеки во светот, да ги дочекувам најубавите колекции во Галерија Лафајет, да имам необични секојдневија кои преминаа во вообичаени и оригинално да се инспирирам. Најчесто купувам во Париз, на Champs-Élysées (Avenue des Champs-Élysées) – Шанзелизе, во повеќе молови, но и секаде каде што патувам. Сепак, никогаш не сакам да нагласувам дека носам некој бренд, тоа е толку за почетници или за некои провинцијалци. Освен ако е подарок за некој убав повод. Во Париз сè е бренд, го носат и средношколци, последниот моден бренд, како на пример, ташна Прада (2.100 евра), а фејк роба не постои, значи никој не се фали дека случајно се брендирал, туку тоа е начин на живот и никој не се занесува поради тоа. Затоа што сепак ова е Париз, нели.

фото – приватна архива

Можеш ли да ни препорачаш буџетски продавници за шопинг во Париз, но и продавници кои не треба да се пропуштат за лускузен шопинг или барем, за разгледување?

– Цел Париз е како една луксузна продавница за високобуџетен шопинг. Веројатно тоа е центарот каде купуваат богаташи, бидејќи брендираните облеки се прескапи за обичните туристи, но секој може да си дозволи некое убаво парче облека, или чевли токму од градот на модата. Сè е во деталите, а во Париз тоа најмногу се гледа. Не треба да се испушти Шанзелизе, кое нуди голем избор на облеки за секој џеб, за гледање и уживање во модата на луксузните брендови апетитот ќе го задоволите со прекрасните Галерија Лафајет, Авенијата Монтејн како и плоштадот Вандом заедно со улицата Saint-Honoré моето омилено место во Париз, во непосредна близина на Лувр.

фото – приватна архива

Познато е дека си муза на твојот сопруг кој те запросил повеќе пати. Но, како изгледаше првото запросување, а како според тебе најромантичното и најлуксузното запросување?

– Откога мојот сопруг искрено ги искажа во јавноста нашите љубовни доживувања и тајни нарекувајќи ме муза, бидејќи тој секогаш се инспирира од мојата убавина и карактер и покажа еден џентлменски париски однос за пример, запросувајќи ме и во живо, во Тв шоу емисија, се случи експанзија од малограѓански озборувања, па потоа постепено многумина го прекопираа тој стил.

Сè почесто девојките се аутфитираат сега со french style, имаат француски хит закачен на Story, се шетаат со баретки и долги плави коси и глумат препотенција хаха. За да се опуштат до толку па некои посакаа да се закитат со нашите љубовни епитети.

фото – приватна архива
фото – приватна архива

Им одржавме лекција. Најомилено ми беше запросувањето во таа емисија. Тој секогаш ме запросува, нашата љубов почнува секојдневно и со секое запросување добива и нова сила и димензија,. Никогаш пред тоа не знам за запросувањата, секогаш ме изненадува, неговиот карактер е навистина неверојатен. Тој е со специјален стил на изразување, сите треба да учат од него. Исто така е и немилосрден кога има неправда.

Еднаш клекна на ескалатор во Софија, и се спушти на коленици до долу запросувајќи ме пред сите. Ме запроси и во градината на хотелот Ритц, и ми изрецитира поема притоа, ме запросува во сите градови каде што патуваме, како и во ресторанот Гиги каде сега славевме Нова година, кога клекна и ми ја пееше Like a Prayer.

Иако имаме бурми и сме во брак, тој сеуште ме запросува, и секогаш ме изненадува бидејќи јас сум неговата муза. Мојот живот со него во Париз започна во Небото над Париз, каде сум запросена со веренички прстен во месецот мај, кога дојдовме да го прославуваме неговиот роденден. Го гледав цел Париз и тој беше мој, од највисокиот руфтоп и кула како во вселенско летало. Беше навистина величествено, јас сум навистина среќна жена оттогаш и му благодарам на мојот сладок сопруг кој ми посветува внимание како најголем господин. Нашата приказна е поубава од филм.

Каква според тебе треба да биде една жена за да си осигура успешен брак?

– Па бракот е за зрели луѓе кои веруваат во животот кој е продукт на љубовта. Во успешниот брак мажот требa да биде поет. Клучна е верноста, која ја претставува искреноста. Жените кои не се подготвени на верност нека не размислуваат за брак, пропаста е неизбежна. Треба да бидеш вистинска личност за да го осигуриш својот брак, импровизациите не поминуваат. Исто така да си посветена жена пред се на самата себе си, да имаш свои вистински квалитети кои ги негуваш, да вложуваш во својата убавина, да имаш таленти, да бидеш секогаш посветена на својот стил полн со идеали, да се стремиш кон хармонизација. Вистинскиот маж ќе го препознае тоа и ќе го задржи и негува. Бракот не трпи импровизација, за жал многумина се преправаат денес во идеални жени. Треба да бидеш жена, виртуоз, која ги креира и остварува заедничките соништа . Ако љубовта ја почитуваш и таа ќе те почитува тебе. Жената треба да биде свеж здив без кој мажот не може да дише. Едноставно треба да бидеш прекрасна и сè што овој збор значи. Но сепак мислам дека балканскиот маж сè уште учи што е тоа жена, и неговата погрешна фантазија со навиките кои се стекнати на еден буквален начин, ја обезличуваат и жената и љубовта. Ние покажавме со нашата љубов и стил на живот нешто што оствари победа. Бидејќи ние сме оригиналот, а не шаблонот. Поминавме низ премногу лоши медиумски ситуации само поради нашата победа.

Анонимни и неостварени луѓе, со грда надворешност, се обидоа од нашиот живот да направат турбофолк спектакл, нашата заедница, фамилија, брак и среќа ја направија спонзорско дувло, не споредија со пропаднати маалски бракови од турбофолк елитата. Тоа беа агресивни, прости и очајни ботови. Сочувство за такви ликови, кои во реалноста се секогаш „под” нашите нозе.

фото – приватна архива

Колку вложуваш во негата, во сопствената убавина? Без што не би можела кога е убавината во прашање?

– Се негувам од секогаш, буквално тоа ми е цел. Никогаш никаде не излегувам случајно или несредена. Навистина сум посветена и се сакам себе си. Сакам секое влакно на мојата коса да биде беспрекорно и да свети, секој нокт да е среден во некоја креација, трепките да се долги и сензуални, цртите на лицето да бидат изразени, дупчето на образите да е среќно и насмеано, кожата на лицето да е порцелански негувана, усните да бидат како кадифе, очите да светат како месечина. Имам свој ритуал на убавина, секогаш внимавам и на сонот, кој е клучен за да се негува убавината. Најгорда сум на својата кожа која ми е секогаш беспрекорнао мазна, бидејќи е клучна за реална убавина. Секогаш купувам природна козметика за лице, имам многу брендирани шминки, но секогаш преферирам по природен изглед и не сакам нападен мејк ап. Не сум обожавател на естетски корекции во кои не верувам, имам навистина идеални врти на лицето, би било лудост да ги упропастам. Верувам само во природна убавина и во ведар дух. Правам Хифу ласер третмани еднаш годишно, ставам француска линија на маски за хидратација, и тоа е мојот secret beauty третман за убавина. Жените кои користат естетска хирургија за разубавување ми наликуваат сите, како на еден ист лик, и тоа воопшто не ми се допаѓа. Некои имаат навистина потреба од таква естетска хирургија, но поголемиот дел од нив го прават тоа со голем не вкус, па се прекриваат потоа со наочари, шешири и личат на безлична кукла од некој излог. Секој млад човек кој се корегира со ботокс без голема потреба, туку од тренд, во иднина ќе личи на деформирано лице на кое нема да му биде пријатно во неговата кожа. Најмногу ги обожувам своите усни кои се навистина природно полни и секогаш одбирам прекрсни кармини за да бидат убаво истакнати. Многу девојчиња посакуваат да им приготвам свој едотиријал на шминкање, бидејќи навистина им се допаѓа како го правам тоа.

фото – приватна архива

Што си посака на новогодишната ноќ? Која е твојата најголема цел, желба, за 2022?

– Здрaвје и сила да издржам, да издржиме сите, целото мое семејство, бидејќи нашите срца се ранети, имавме голема семејна трагедија во годината што измина, најлошата во мојот живот. Тагата ни е неизмерна. Посакав Божја милост и рај за нашите браќа.

Слични објави

(Фото) Голема прослава во домот на Лазар Ристовски и неговата 39-годишна девојка: Аница објави убава вест, честитките се нижат

Еспресо

(Фото) Ги оставија тепачките настрана: Сергеј Трифуновиќ ужива во романтичната Венеција со саканата

Еспресо

Хороскоп за 19 декември: Биковите ќе „пливаат“ во пари, Близнаците ги очекува динамичен ден во љубовта

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо
Се вчитува....