16:37 - 8 ноември, 2026

Во Германија секој што ќе ја користи буквата З за поддршка на Русија ќе биде казнет до 3 години затвор!

Секој што ќе ја покаже буквата З со намера да ги поддржи акциите на војската на Владимир Путин може да биде казнет со парична казна или до три години затвор.

Германското Министерство за внатрешни работи преку твит објави: „Секој кој јавно ја одобрува оваа војна може да биде кривично гонет“.

Во Германија, секој што ќе ја користи буквата З (Z), симбол на руската инвазија на Украина, ќе биде казнет за кривично дело. Поточно, оние кои јавно ќе ја изложат оваа буква со намера да ги поддржат акциите на војската на Владимир Путин, на пример, да ја прикачат или нацртаат на автомобилот или на нивниот дом, да ја покажат на демонстрации или да ја објават на Интернет, може да бидат казнети до три години затвор.

„Руската агресивна војна против Украина е злосторство. Секој кој јавно ја одобрува оваа војна може да биде кривично гонет. Ова исто така важи и за приказот на симболот „Z“. Федералните власти внимаваат на употребата на симболот“ – твитнаа од Министерството за внатрешни работи.

Новиот закон се заснова на членот 140 од германскиот кривичен законик, кој ја дефинира осудата на злосторството: во него има и прекршување на меѓународното право, како што се воени злосторства или војна од агресија, како што е онаа на Русија против Украина.

Објавата на германското Министерство за внатрешни работи беше поздравена од земјата под опсада, која ги покани и другите држави да го следат примерот на Германија.

Z првпат се појави на 22 февруари на руските воени возила и стана симбол на инвазијата. Нејзиното потекло, сепак, не е јасно: има и такви кои тврдат дека може да значи З(А) победа или пак, да се однесува на зборот Запад, но ниту еден официјален извор никогаш не го потврдил нејзиното  вистинско значење.

 

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....