16:55 - 9 ноември, 2026

(Видео) За малку ќе ѝ испаднеа градите: Сандра Африка во попровокативно издание од било кога

Пејачката Сандра Африка неодамна настапи во Хрватска, и брзо го привлече вниманието на медиумите и обожавателите, пред сѐ поради нејзиниот провокативен стајлинг.

На сцената излезе во црн комбинезон, чиј горен дел беше многу отворен и слободен, поради што Сандра мораше неколку пати да го мести аутфитот додека пееше и танцуваше на сцената.

Иако бодито за малку откриваше повеќе отколку што таа сакаше, Сандра ја одржуваше публиката воодушевена со нејзината енергија и заводливи движења.

Снимката од нејзиниот настап и провокативната облека брзо стана вирална на социјалните мрежи, а коментарите беа поделени меѓу оние кои го фалат нејзиниот изглед и изведба, и оние кои го критикуваат провокативниот стајлинг.

Во неодамнешното интервју за локалните медиуми, Сандра проговори за тоа како нејзините најблиски се однесуваат со нејзините провокативни изданија.

– Секогаш носам најголеми штикли. Ми се допаѓа кога сум малку провокативна, кога се во прашање настапите, сето тоа е дел од сцената. Кога некој е згоден, убав, зошто да не се соблелче? – изјавила Сандра, додавајќи дека не внимава на коментарите кои доаѓаат од страна.

Слични објави

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.
Се вчитува....