04:41 - 9 ноември, 2026

(Видео) За 12 дена одмор „искешира“ 20.000 евра! Милица Павловиќ сама замина на егзотична дестинација

Милица Павловиќ ги искористи првите денови од јануари за да избега од студениот Белград на некоја потопла дестинација. Имено, таа го избра егзотичниот Тајланд за целосно да се опорави по тешкиот период што го имаше.

Како што пренесуваат српските медиуми, Милица поминала 12 дена на Тајланд, а за тоа потрошила дури 20.000 евра. Одморалиштето во Тајланд што таа го избра има специјални анти-стрес програми за оние кои сакаат да го смират и закрепнат своето тело и дух од секојдневниот стрес и да се наполнат со добра енергија.

Програмата вклучува целосна детоксикација на телото – масажи, јога, пилатес, се учат и техники на дишење, а се пијат билни чаеви за чистење на телото од токсини. Целиот процес траел 7 дена, а остатокот го искористила за да ужива во убавините на Тајланд.

Инаку, на Милица ѝ претстои напорен период – продолжување на турнејата „Лав“, нов албум и уште многу изненадувања кои и приредува на публиката, поради што реши овој пат да оди сама и да биде отсутна. од сите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....