12:17 - 8 ноември, 2026

(Видео) Српски јутјубер се снима со лав на социјалните медиуми: Поднесена кривична пријава против него

Српскиот јутјубер Стефан Јанковиќ Јанко, кој има повеќе од 900.000 следбеници на ТикТок, веќе неколку години се фали дека поминува време со егзотични животни, чија трговија е забранета во државата, пренесуваат српските медиуми.

Откако го објави видеото со младенче лав, организацијата „Еко стража“ на својот инстаграм-профил објави дека против Јанковиќ до Вишото јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за нелегално чување на младенче лав, со што го прекршил законот за благосостојба на животни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eko Straža (@ekostraza)

 

Овој тренд не е само фатален за животните туку и опасен за луѓето. Големите мачки се предатори и можат сериозно да ги повредат луѓето, често со фатални последици.

@stefan_jankovic burek sa mesom za brata 🦁 #janko ♬ original sound – ivan

Не постои ниту една причина зошто некој би чувал лав во својот дом, освен за да се пофали со тоа на социјалните мрежи. За среќа, самиот чин е незаконски и подлежи на санкции како и конфискација на животното.

Видеото со младенче лав не е ништо ново за овој млад јутјубер. Минатата година во септември тој објави видео на кое храни младенче со шише, а истиот лав се појави на неговиот профил во јуни истата година каде спие во неговиот кревет и шета низ станот.

@stefan_jankovic Odgovori @marijazec___ ♬ original sound – Janko 💦

Како што пренесуваат од „Република“, неговата девојка Ана Лазаревиќ, која исто така е јутјубер, објаснила за што се работи: „Тоа не е точно, веднаш да кажам, тој не сака да дава изјави, но на неговиот канал на Јутјуб има видео, само на таа тема. Стефан објасни сѐ, тоа воопшто не беше негов лав“.

Исто така, Стефан објави видео на Инстаграм и рече дека видеото со лавот кое го објавил пред година и пол, решил повторно да го сподели пред неколку дена.

„Повторно се крена гужва за видеото, луѓето нека не креваат паника, јас дадов изјава за тоа на Јутјуб и дадов изјава во Обвинителството.“, рече Стефан.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....