15:33 - 6 ноември, 2026

(Видео) Среќен 60-ти роденден Џамбазов: Весна Бејби му посака да го жени оваа година

Омилениот актер и шоумен на многу генерации, Игор Џамбазов, денес го слави својот јубилеен 60-ти роденден.


„Да беше животов хокеј, овој ден ќе беше почеток на последната, трета третина.
Ако на крајот биде нерешено, ќе има и продолжетоци… Јадев 60-ка со кромид, среќен ми роденден и на здравје нека ми е!“ – напиша Игор на својот инстаграм профил.


Инстаграм профилот на актерот е преполн со честитка од неговите бројни фанови, колеги, соработници и пријатели.

Нашата позната актерка, Весна Петрушевска – Бејби, а воедно и долгогодишна пријателка на Џамбазов преку видео кое го објави на својот инстаграм – профил на оригинален начин му го честиташе роденденот на актерот:

„Среќен 60ти роденден братче. Лав ју“ – напиша во описот видеото посакувајќи му многу здравје, најубави желби меѓу кои оваа година да му биде кума или старосватица.

Среќен роденден Игор!

Слични објави

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо

(Фото) Маја Шупут го покажа своето ново милениче: „Ни ги украде срцата“

Еспресо

(Фото+видео) Фризурата на Тамара Калиниќ ги освои жените, еве како да ја направите

Еспресо
Се вчитува....