17:41 - 7 ноември, 2026

„Јас не сум девојка за венчавки“ – актерката Кристин Дејвис откри колку се разликува од Шарлот која беше умрена да се омажи

Актерката Кристин Дејвис се прослави со толкувањето на ликот на срамежливата и конзервативна Шарлот Јорк во серијата „Сексот и градот“, истоимените филмски продолженија, како и серијата „И само така“.

Меѓутоа, во приватниот живот Кристин е сосема поинаква од хероината која ја глуми веќе 25 години, за што сега проговори.

– Имаме многу различни начини на живот, знаете. Не сум мажена, никогаш не сум била во брак. Тоа не е моја работа. Никогаш не сум била фокусирана на тоа – откри таа во вторникот во епизодата од подкастот на Клиа Ширер и Џоан Теплин, пренесува People.

Тоа е сосема спротивно на ликот на Шарлот, која беше толку посветена на пронаоѓањето на совршениот маж за мажење и честопати беше нарекувана безнадежна романтичарка.

-Тоа бараше малку глума, да ви кажам. Навистина. Јас постојано велев: “

Како ќе го направам ова и како ќе го направам реално и веродостојно?” – објаснува Кристин.

И покрај тоа што никогаш немала вистинска свадба, Дејвис признала дека еден од нејзините омилени моменти за снимање во шоуто бил кога нејзиниот лик се венчал со првиот сопруг д-р Треј Мекдугал, кој го игра Кајл Меклахлан.

– Јас навистина не сум девојка за венчавки, но, знаете, Шарлот го сакаше тоа, па и јас го сакав. Таа дури и доживеа да избере сопствена венчаница – заедно со костимографот на шоуто, извршните продуценти и писателите. Сигурно пробав 35 фустани од Вера Ванг. Паф победи и беше толку чудно бидејќи тоа воопшто не е моја работа – рекла актерката, пренесува People.

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....