15:18 - 8 ноември, 2026

(ВИДЕО) РИЈАНА по гласините за раскинување – право на аеродром!

И покрај гласините дека Ријана и нејзиниот дечко Роки ја прекинале врската откако тој ја изневерил, парот е виден како заедно и безгрижно патуваат во родниот град на пејачката, Барбадос.

Двојката пристигнала на меѓународниот аеродром Грантли Адамс во оваа карипска земја во петокот вечерта.

Откако го напуштила аеродромот, бремената Ријана, која се појави во краток фустан и високи потпетици, со своето момче се качила во бело комбе, а ова е првпат парот да биде виден по гласините дека Роки ја изневерил со дизајнерката Амина Муади.

Многумина заклучија дека двојката изгледала безгрижно, дека не се оптоварени со гласините и не е чудно што пристигнале на Барбадос, бидејќи Ријана претходно изјавила дека ја гледа својата татковина како идеално место за одгледување дете.

“Роки неодамна ме праша кое е местото од моите соништа. Му ја кажав куќата во Барбадос. Отсекогаш сум замислувала така”, рекла пејачката која е во третото тромесечје и многумина мислат дека токму таму ќе се породи. .

Инаку, по повод гласините за неверството се огласи и самата дизајнерка која сето тоа го нарече „неоснована лага“.

Потсетуваме, гласините за измамата ги започна модниот коментатор и инфлуенсер Луис Писано, кој објави дека парот се разведува.

„Ријана и АСАП Роки повеќе не се заедно. Таа му раскина откако го фати во неверство со дизајнерката на чевли Амина Муади“, напиша тој, а потоа додаде дека Роки и Амина се познаваат долги години, пренесува Б92.нет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Shade Room (@theshaderoom)

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....