6.8 C
Скопје
03:46 - 20 октомври, 2026

(Видео) Потресни сцени во емисија: Ибрахимовиќ плачеше додека се збогуваше со пријателот кој умира

Златан Ибрахимовиќ е човек кој никому не простува со својот став. Речиси е невозможно да се видат вистински емоции на лицето на легендарниот напаѓач, но во една емисија тој покажа дека и тој е само човек.

Ибрахимовиќ беше дел од видео повик во емисијата каде што гостуваше неговиот голем пријател, новинарот Тијс Слегерс, а имаше и многу емотивни сцени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thijs Slegers (@thijsslegers)

Тијс е еден од ретките новинари со кои Ибрахимовиќ е во пријателски односи. Тој му помогна при пристигнувањето во Ајакс и Златан не го заборави тоа.

Тијс сега е на крајот од својот живот. Боледува од неизлечива болест (акутна леукемија) и за време на интервјуто не издржа и плачеше заедно со својот пријател.

– Тој ми беше единствен пријател кога бев млад и изгубен – рече Ибрахимовиќ со солзи во очите и продолжи:

– Немав никој во Холандија. Потоа ми се јави. Во најголем дел, новинарите ми беа непријатели, но станав добар пријател со него. Тијс ми помогна и ми ја даде потребната поддршка. За него пишував и во мојата книга. Секогаш бевме во контакт и тој секогаш ќе биде во моето срце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thijs Slegers (@thijsslegers)

Тогаш солзите почнаа сами да течат по прошталната порака до голем пријател.

– Тијс, само сакам да ти кажам дека те сакам пријателе – е пораката на Златан Ибрахимовиќ кој покажа дека е вистинска човечка големина.

Тијс Слегрес е икона на холандското новинарство. Со оваа професија се занимава долги години, а работеше и како клупски новинар во ПСВ Ајндховен.

На овој 46-годишник му била дијагностицирана леукемија во 2020 година. Лекарите претходните денови му рекле дека нема надеж за лек и дека секој ден може да му биде последен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thijs Slegers (@thijsslegers)

 

 

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....