16:47 - 4 ноември, 2026

(Видео) „Ова е венчален прстен, младоженецот се крие“: Цеца на раката покажа бурма, сите збунети

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ е позната по својата шеговита природа и понекогаш двосмислените интелигентни одговори кои ги тераат сите да размислуваат.

Додека нејзиниот тим ѝ ја средувал фризурата и шминката во гардероберот, на многумина им паднал в очи на скапиот прстен што Цеца го носела на десната рака.

 

@cecaraznatovicoff 💍🤭 #fyp #viral #balkan #4you #serbia #ceca ♬ original sound – CECA


Бидејќи љубопитноста на присутните била поголема од сè друго, во позадина се слушнало прашање кое ја насмеало Цеца, но и ја натерало малку да се пошегува со љубопитните:

– Дали е тоа свршенички прстен?

– Не е љубов, ова е венчален прстен…

Одговорот на Цеца ги насмеал присутните, но тие сакале повеќе детали.

– Се омажи, а? Дали имаш нешто да ни кажеш?

– Па ти реков – се надоврзала  Цеца.

– Доволно рекла – дофрлил фризерот…

Цеца продолжила да се шегува, па уште повеќе ја разгорела фантазијата на насобраните велејќи:

– Младоженецот се крие.

Да потсетиме, Цеца неодамна за српски „Блиц“ проговори за својот емотивен живот.

– Никогаш не можете да знаете кога се во прашање емотивните врски колку сте подготвени и за што сте. Можам само да кажамшто се однесува до тоа, дека ми е удобно во своја кожа и дека тоа не ми е услов за среќа и убаво расположение – рекла тогаш Цеца.

 

 

Слични објави

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо
Се вчитува....