18:44 - 27 ноември, 2026

(Видео) По добивањето на синот, Марија Шерифовиќ сега откри дали ќе се омажи: Еве што кажа за бракот

Марија Шерифовиќ кон крајот на минатата година ја оствари својата најголема животна желба и стана мајка.

Шерифовиќ вешто ги криеше своите планови од јавноста. Таа најмила сурогат-мајка, која во Лос Анџелес го родила преслаткото момче Марио.

Иако поп-пејачката се труди секој слободен момент да го помине со синот Марио, таа не ги запостави обожавателите и кариерата. Марија често се огласува на социјалните мрежи, но не застанува и со настапите, кои ѝ се закажани низ целиот свет.

Шерифовиќ неодамна на Инстаграм даде директен одговор на прашањето за бракот.

– Кога ќе се омажам? Генерално, мислам дека хартијата и хартиите носат само проблеми, носат некој дополнителен товар. Хартиите носат многу проблеми дури и кога ќе посакате да се разведете – биле зборовите на Марија Шерифовиќ.

 


Искрените зборови на Марија Шерифовиќ најмногу наидоа на позитивни коментари, а за тоа дека не обрнува внимание на злонамерните зборови сведочи и изјавата што ја даде во една емисија.

– Која е таа личност што сега може да ми каже како ќе живеам, кого ќе сакам, со кого ќе се омажам? Кој го има тоа право? Никој – објаснила пејачката.

 

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.
Се вчитува....