16:52 - 28 ноември, 2026

(Видео) Марија Шерифовиќ сред концерт бакна познат маж во уста, тој силно ја прегрна

Марија Шерифовиќ на концертот го бакна во уста Бане Опачиќ, а овој момент насмеа многумина, меѓу кои и тој, кој веднаш го сподели видеото.

Пејачката Марија Шерифовиќ синоќа во Сава центарот во Белград го одржа вториот од петте распродадени концерти.

Голем број познати личности дојдоа да ја слушаат, меѓу кои и фолк дивата Цеца Ражнатовиќ, која седеше во првиот ред.

Марија цело време беше расположена, Сава Центар преполн, а во еден момент поп ѕвездата се симна од бината и ги поздрави своите пријатели.

Таа во еден момент му пријде на Бане Опачиќ и го бакна во уста додека ја пееше песната „Паметна и луда“, тој ја прегрна, а потоа и двајцата се насмеаа.

Да потсетиме , Марија на својот прв концерт му ја посвети песната „Не дам ветру да те дира“ на Саша Поповиќ, а потоа и се обрати со емотивни зборови.

– Верувам дека сега ја скрши ногата, чука со прстите, се смее и ужива. Многу ми е тешко да не кажам ништо. Беше привилегија да се знае Сале. Ми зеде дел од душата, никогаш нема да го заборавам и нему му го посветувам овој концерт – изјави Марија Шерифовиќ и потоа го сврте грбот кон публиката за да не ја видат како плаче.

Слични објави

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо
Се вчитува....