05:24 - 8 ноември, 2026

(Видео) Изгледа неверојатно – Џеј Ло ги облече фармерките што ги носеше пред 25 години

Џенифер Лопез (56) изгледа одлично, но дека парчето облека што го носела пред 25 години ќе ѝ стои совршено и денес е навистина неверојатно.

Латино дивата привлече големо внимание на социјалните мрежи кога покажа дека сè уште може да ги носи истите фармерки од спотот од 2001 година за песната „Ain’t It Funny“. Станува збор за уникатен модел на брендот „Версаче“, кој и денес ги воодушевува жените.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Фармерките се со ниска половина, имаат врвки наместо процепи и од страните, а се чини дека Џенифер е постегната и има поимпресивни стомачни мускули отколку во видеото.

Во спотот таа носела црна маица со прерамки, додека сега облекла бел топ со ролка и покажала колку е згодна.

Познато е дека Џеј Ло тренира речиси секој ден за да биде во врвна форма дури и на 56 години и тоа е само дел од нејзината строга рутина, а за неа и за нејзината фигура важи добрата стара изрека дека „старее како вино“.

Песната „Ain’t It Funny“ е еден од најголемите хитови во нејзината кариера.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....