14:17 - 27 ноември, 2026

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели симпатичен момент со синот – малиот Марио ја спомна и Сенида

Сенида, синоќа го одржа третиот од четирите закажани концерти во Сава центар во Белград, а нејзините колешки Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ ѝ дадоа најголема поддршка од првите редови.

Иако пејачките се забавуваа одлично, вистинскиот хит на социјалните мрежи се појави дури утрото по концертот.

Имено, Марија се снимаше себеси и својот син, малиот Марио, на кого му постави едно сосема обично прашање, не знаејќи каков одговор ќе добие.

Пејачката го праша својот наследник: „Каде бев синоќа?“.

А, момчето одговори на тоа, како од топ: „Кај Сенида“.

Шерифовиќ беше целосно изненадена од неговиот брз одговор, па таа го праша со смеа: „Од каде знаеш за тоа?“.

Сепак, малиот Марио не се збуни, и само повтори: „Сенида“.

Овој пресладок момент брзо ги освои срцата на јавноста, а познато е дека Марија и Јована дојдоа на концертот на лична покана на пејачката.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....