13:49 - 27 ноември, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) Погледнете како ИГРА КОШАРКА најстариот СИН на ПЕРО АНТИЌ: Лука славеше роденден и докажа дека „крвта не е вода“!

Актуелниот претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија како и поранешен кошаркар и член на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ со своите бројни фанови на социјалните мрежи сподели видео кое го направи посебно горд татко.


Антиќ секој слободен момент го користи да помине квалитетно време со неговата дружина. Перо има одлична „екипа“ која секогаш е спремна за некоја партија кошарка. Веќе е познато дека најстариот син на поранешниот кошаркар, Лука, е сериозно посветен на овој спорт.

Најстариот син на Перо тргна по стапките на својот татко, а Павел и Петар полека, но со големо внимание ги следат стапките на својот поголем брат и татко.

Лука покрај тоа што тренира, веќе и активно се натпреварува со младинските екипи, а во првите редови на трибините секогаш е тука неговиот татко да го бодри. Антиќ на својот инстаграм – профил објави видео на кое се гледа како синот се натрпеварува со уште еден младински тим.

„Горд татко“ – напиша Перо во описот на видеото.

Неговата мајка, Ружица Максимовска пред некој ден сподели фотографија од сојот син, по повод роденденот на Лука. Најстариот син на Перо и Ружица наполни 15 години.

Фото: Принтскрин / Instagram

Ружица е успешна деловна жена, дипломирала новинарство, магистрирала надворешна политика и дипломатија. Ружица е главен и одговорен уредник на списанието „Портрет“ и содржински уредник на „portret.digital“.

 

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....