04:58 - 28 ноември, 2026

(Видео) Дино Мерлин направи хаос во белградска Арена полна до последно место: „Дали е тоа мојот Белград?“

Синоќа заврши првиот од четирите спектакли на Дино Мерлин во белградската Штарк Арена.

Босанската мегаѕвездата направи вистинска магија, а 20-илјадната публика едвај го пуштила да замине од сцената откако го вратила на бис со овации.

Дино првиот концерт го заврши со песната „Један дан“, а Белград утре го очекува спектаклот број два.

– Од овој посебен град вечерва нека оди порака за мир во целиот свет – рече меѓу другото Мерлин на крајот од првата концертна вечер во српската престолнина.

принтскрин

На првиот концерт во Белград Мерлин ги испеал и двете нови песни. „Наскоро ќе биде зима“ (Skoro će zima), нова балада од неговата креативна работилница и дуетот „Не радујемо се“ кој го испеа заедно со неговиот гостин на сцената, мултиинструменталистот Марко Луис.

Потсетуваме, Дино Мерлин доаѓа во Скопје со концерт во арена „Борис Трајковски“. Концертот закажан за 27 декември е веќе распродаден, а во продажба се картите за вториот концерт во Скопје, 28 декември.

(Видео) Слушнете ги двете нови песни на Дино Мерлин: „Ова се песни за нашите љубови, за нашите животи…“

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....